Три дена во знакот на архитектурата, недвижностите и иднината на домувањето. Три дена во кои ELENA LUKA HOME се најде во центарот на вниманието на REAL EXPO 2026. Со грандиозен изложбен штанд, впечатлива архитектонска презентација, голем интерес од посетителите и признанија дури и од конкурентските компании, еден од најпрепознатливите македонски брендови во градежништвото го заокружи своето саемско претставување со исклучителен успех.
Зад овој настап стои визијата на Елена Лука, сопственик и генерален директор на ELENA LUKA GROUP, која заедно со својот тим уште еднаш покажа дека архитектурата не е само градење објекти, туку создавање вредности што остануваат.

Но и проширување! Овојпат, Грција е на мапата на брендот. Веќе се започнати со преговори за локации и атрактивни места. Тоа значи дека и таму ќе видиме градби од македонски визонер, квалитет на ниво и врвна изработка. Со ова, брендот не само што прави чекори напред, туку го инкорпорира своето знаење и експертиза и во други земји.

Елена Лука - визија што не завршува со изградбата на еден објект
Кога зад една компанија стојат децении искуство, јасна деловна филозофија и препознатлив архитектонски идентитет, нејзиното претставување не може да се сведе само на изложбен простор и презентација на недвижности.
Токму тоа го покажа ELENA LUKA HOME на саемот за недвижности REAL EXPO 2026, кој од 29 до 31 октомври се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Елена Лука, со 37-годишно искуство во градежништвото, уште еднаш ја потврди својата определба да создава архитектура во која квалитетот, естетиката, функционалноста и долгорочната вредност претставуваат неразделна целина.

Нејзината филозофија дека се гради со душа, за сегашните и идните генерации, беше препознатлива во секој сегмент од саемското претставување, од внимателно осмислениот штанд до начинот на кој беа презентирани станбените комплекси и непосредната комуникација со посетителите.
За Елена Лука, домот никогаш не бил само квадратура. Тој е простор во кој се создаваат спомени, се градат семејни приказни и се обликува секојдневието.
Токму затоа зад секој проект на ELENA LUKA HOME стои амбицијата да се понуди многу повеќе од станбена единица.
ВИДЕО: Елена Лука- сопственик и генерален директор на ELENA LUKA GROUP
Штанд за кој зборуваше и конкуренцијата - архитектонски спектакл во злато и црно
Меѓу бројните македонски градежни компании што ги претставија своите проекти, штандот на ELENA LUKA HOME се издвои како еден од највпечатливите визуелни и архитектонски концепти на саемот.
Монументална конструкција, моќна комбинација на златна и црна боја, огромни ЛЕД-екрани, прецизно осмислено осветлување и просторна организација што истовремено зрачеше со луксуз и топлина.

Секој детал беше подреден на една идеја- посетителот да почувствува дека влегува во свет во кој архитектурата, дизајнот и удобноста функционираат како целина.
Штандот не изгледаше како класичен изложбен простор. Повеќе потсетуваше на ексклузивен архитектонски салон, осмислен според стандардите на големите меѓународни саемски манифестации.

Особено значајно е што позитивните реакции не доаѓаа само од посетителите. И претставници на конкурентските компании го истакнаа неговиот исклучителен изглед, оценувајќи го како грандиозен, посебен и уникатен.

А признание од конкуренцијата, во индустрија во која секој настојува да го претстави најдоброто, има посебна тежина.
Една од најсилните потврди за впечатокот што го остави штандот дојде и од Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем, која во своето видеообраќање го оцени штандот на ELENA LUKA HOME како најдобар на саемот.
ВИДЕО: Даниела Глигоровска – извршен директор на Скопски саем
Најголемиот успех - интересот на посетителите
Но вистинската вредност на едно саемско претставување не се мери само со архитектурата на штандот, туку и со интересот што тој го предизвикува.
А токму тука ELENA LUKA HOME го забележа својот најзначаен успех.
Во текот на трите саемски дена, штандот беше меѓу најпосетуваните, а според впечатоците од настанот, токму тој привлече најголем интерес кај публиката.

Посетителите не доаѓаа само да ја погледнат впечатливата презентација. Доаѓаа со конкретни прашања, интерес за купување недвижност и желба подетално да ги запознаат проектите на компанијата.
Од локациите и квадратурите, преку организацијата на станбениот простор, до квалитетот на материјалите, фасадните решенија и можностите за избор на нов дом, речиси секој аспект од понудата беше предмет на интерес.

Особено внимание привлекуваа фасадите на објектите, нивниот препознатлив архитектонски израз и внимателно осмислените станови, во кои функционалноста не е подредена на естетиката, ниту естетиката на функционалноста.
Токму оваа рамнотежа е еден од најсилните белези на ELENA LUKA HOME.
FUTURA 3 и 4, архитектура што го менува доживувањето на современиот дом
Меѓу најинтересните проекти претставени на саемот беа FUTURA 3 и FUTURA 4, продолжение на станбениот концепт со кој ELENA LUKA HOME создава современа урбана средина.
Проектите привлекоа внимание со својата архитектура, разновидните станбени решенија и пристапот кон организирањето на просторот.
Особено значајна е филозофијата според која квалитетното домување не завршува на прагот од станот.

Зеленилото, уредениот партер, фонтаната и просторот за најмладите се дел од поширокиот концепт на комплексот FUTURA, создавање средина во која архитектурата е во служба на секојдневниот живот.
Со FUTURA 3 и 4, компанијата продолжува да нуди различни типови станови, приспособени на потребите на современите семејства и купувачи.
DIVINE, ексклузивност со препознатлив архитектонски потпис
Посебен интерес предизвика и DIVINE, станбено-деловниот комплекс лоциран непосредно до црквата „Св. Петка“ во Скопје.

Со приближно 30 единици, DIVINE претставува проект во кој архитектонската елеганција, современите материјали и внимателното планирање создаваат препознатлива целина.
Посетителите имаа можност да се запознаат со неговиот концепт, организацијата на просторот и решенијата што го издвојуваат во понудата на компанијата.
„Белиот цвет“, нов архитектонски симбол на Струмица
Меѓу претставените проекти беше и „Белиот цвет“, станбениот комплекс во Струмица со 13 станбени единици.
Со впечатлив архитектонски идентитет и посебно внимание кон обликувањето на фасадата, проектот привлече интерес кај посетителите што бараат квалитетно домување надвор од главниот град.

„Белиот цвет“ ја продолжува филозофијата на ELENA LUKA HOME дека секој објект треба да има сопствен карактер и препознатливост, без компромиси во функционалноста и квалитетот.
Уште еден „Бел цвет“ во Берово

Но тука е и еден новитет, ќе „никне бел цвет“ и во Берово. Меѓу чистиот воздух, планините, езерото, овој станбено- деловен комплекс ќе биде вистинско ремек- дело кое целосно се вклопува во целата слика.
Зад големите проекти стои тим што знае да ја претвори визијата во реалност
Успехот на ELENA LUKA HOME не е резултат само на впечатливи архитектонски решенија. Зад секој проект стои тим од професионалци, чија работа започнува многу пред првиот градежен зафат и продолжува сè до моментот кога купувачот ќе го добие клучот од својот дом.
Токму затоа, на REAL EXPO 2026 посебно значење имаше непосредното претставување на луѓето што стојат зад компанијата.

Марија Копчаревски, извршен директор, е дел од менаџерската структура што ги поврзува деловната стратегија, организацијата и реализацијата на поставените цели.
Во компанија со повеќе активни проекти, управувањето подразбира координација, одговорност и постојана посветеност на квалитетот.
ВИДЕО: Марија Копчаревски – извршен директор
Архитектите - луѓето што им даваат форма на идеите
Архитектурата е многу повеќе од цртеж на хартија. Таа е сложен процес во кој секоја линија, пропорција, материјал и просторна одлука имаат своја причина.
Токму архитектите се меѓу клучните луѓе во создавањето на препознатливиот идентитет на ELENA LUKA HOME.
Јана Брдароска, архитект, е дел од професионалниот тим што работи на обликувањето на современи архитектонски решенија, во кои естетиката и функционалноста треба да бидат во постојана рамнотежа.
ВИДЕО: Јана Брдароска – архитект
Викторија Јовановска, архитект, го претставува професионалниот пристап кон планирањето и осмислувањето на просторот, со внимание кон потребите на современото домување.
ВИДЕО: Викторија Јовановска – архитект
Александар Аврамчев, архитект, уште еден член на стручниот тим, чија професионална перспектива го дополнува претставувањето на архитектонската филозофија на компанијата.
ВИДЕО: Александар Аврамчев – архитект
Нивните видеообраќања овозможуваат јавноста да ја запознае и другата страна на архитектурата – онаа што не се гледа на фасадата, но е присутна во секој внимателно осмислен простор.
Андреа Зафировска Спасовска – врската меѓу архитектонската визија и идниот сопственик
Колку и да е впечатлив еден архитектонски проект, неговата вистинска вредност се потврдува кога ќе го пронајде вистинскиот сопственик.
Токму затоа продажниот сегмент има исклучително значајна улога во работењето на ELENA LUKA HOME.
Андреа Зафировска Спасевска, задолжена за продажба, беше меѓу луѓето што непосредно комуницираа со заинтересираните посетители, одговарајќи на прашања поврзани со станбените единици, понудата и можностите за купување.
Во време кога купувањето недвижност претставува една од најзначајните животни инвестиции, стручната информација, довербата и личниот пристап се од пресудно значење.
ВИДЕО: Андреа Зафировска Спасевска – продажба
Почит што се гради со години- Татјана Алексиќ во посета на ELENA LUKA HOME
Меѓу гостите што го посетија штандот беше и Татјана Алексиќ, долгогодишен соработник на Елена Лука.
Нејзиното присуство внесе уште една димензија во саемското претставување, онаа на професионалните релации, довербата и соработките што се создаваат и негуваат со години.
Зашто зад успешните деловни приказни не стојат само инвестиции и проекти, туку и луѓе што низ времето стануваат дел од нивниот развој.
ВИДЕО: Татјана Алексиќ – долгогодишен соработник на Елена Лука
Поглед од маркетиншка перспектива – кога брендот создава доживување
Впечатливиот настап на ELENA LUKA HOME беше интересен и од аспект на современото брендирање и комуникацијата со јавноста.
Меѓу соговорниците беше и Маја Кузмановска, професор по маркетинг, која имаше можност да го согледа саемското претставување и низ призмата на маркетиншката комуникација.
Во современиот деловен свет, успешното претставување на еден бренд не се темели само на информацијата што ја пренесува, туку и на впечатокот што го остава.
А штандот на ELENA LUKA HOME беше токму такво искуство, простор во кој архитектурата, визуелниот идентитет, технологијата и комуникацијата со посетителите создадоа единствена целина.
ВИДЕО: Маја Кузмановска – професор по маркетинг
Подароци, ваучери, внимание и гостопримство - три дена исполнети со средби
Покрај презентацијата на проектите, ELENA LUKA HOME се погрижи посетителите да бидат пречекани во атмосфера што ја одразува филозофијата на компанијата.
На големиот промотивен пулт се делеа информативни материјали, подароци и ваучери со попусти, додека членовите на тимот со внимание и професионалност одговараа на бројните прашања.

За многумина ова беше можност за првпат непосредно да се запознаат со проектите на компанијата, додека други веќе имаа конкретни планови за купување стан.
Токму таа разновидност на посетители, од љубопитни љубители на архитектурата до сериозно заинтересирани купувачи, го направи штандот жив и динамичен во текот на сите три саемски дена.
Три дена што ја потврдија силата на ELENA LUKA HOME
REAL EXPO 2026 заврши, но впечатоците од претставувањето на ELENA LUKA HOME остануваат.
Компанијата успеа да обедини неколку важни елементи во една целина: архитектонска препознатливост, впечатлива презентација, современа технологија, професионален тим и непосредна комуникација со публиката.

Позитивните реакции на посетителите, признанијата од конкурентските компании и оценката на извршниот директор на Скопски саем дека ELENA LUKA HOME го има најдобриот штанд претставуваат силна потврда за успешноста на овој настап.
Но зад сето тоа стои нешто многу поголемо од еден саемски успех.
Стои визијата на Елена Лука, претприемачка која повеќе од три децении создава, инвестира и развива проекти со амбиција да остави трајна вредност.

Стои тим од професионалци што секојдневно ја претвора таа визија во конкретни архитектонски решенија.
И стои довербата на луѓето што во ELENA LUKA HOME го препознаваат местото каде што може да започне нивната следна животна приказна.
Видео: Елена Лука заедно со Татјана Алексиќ и Маја Кузмановска одговараат на анкетата на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ
На REAL EXPO 2026, ELENA LUKA HOME не претстави само станови. Претстави визија за тоа како треба да изгледа современиот дом, како треба да се гради довербата и како еден македонски бренд може да се претстави со достоинство, самодоверба и стандарди од светски ранг.

Затоа што големите компании не се препознаваат само по она што го градат, туку и по впечатокот што го оставаат.
ELENA LUKA HOME – ВАШАТА НОВА АДРЕСА
Следен →