ELENA LUKA и Бисера Цуцулова со најдобра креација во светот: Во злато до титула

Изборите за мис, посебно оние најголемите се место каде мисиците, покрај својата убавина, го прикажуваат својот талент, вештини и стил. Бисера Цуцулова, една од нашите најтрофејни мисици со над 20 интернационални учества, штотуку доби престижна...

Изборите за мис, посебно оние најголемите се место каде мисиците, покрај својата убавина, го прикажуваат својот талент, вештини и стил.

Бисера Цуцулова, една од нашите најтрофејни мисици со над 20 интернационални учества, штотуку доби престижна и ласкава титула на елитниот избор за Miss Model of the world, што се одржа во Шенжен, Кина.

Имено, таа ја доби титулата Best in Evening Gown- Најдобра во вечерна тоалета, а носеше креација на најдобриот македонски моден бренд со интернационална слава- ELENA LUKA.

Креацијата е уникатна, има светски израз, облагородена е со златната боја (најчето победничка) со спцифичен горен дел, а во долниот ја следи линијата на телото и има шлиц. Изработена е по највисоки модни стандарди и не можеше, а да не биде приметена и наградена- и препознаена на светско ниво.

Честитки за Бисера и незиниот тим. Со оваа титула Македонија покажа дека кога ќе се спојат убавината и професионалната мода, резултатите се неизбежни.

Н.Т