Најпознатиот македонски моден бренд ELENA LUKA ќе биде домаќин на Салон на кинеската култура, во ко-организација со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија. Овој ексклузивен и елитен настан, што ќе се одржи во ателјето на ELENA LUKA во сабота, најавува спектакл со интимна и префинета нишка од затворен круг со околу 50 елитни гости, посветен на љубителите на високата мода и културното наследство.
На Салонот ќе бидат претставени четири врвни кинески дизајнери, меѓу нив и дизајнерка на накит, со нивните уникатни креации што ја отсликуваат богатата и разновидна кинеска модна сцена. Настанот ќе биде вистински мост помеѓу македонската и кинеската културна традиција, каде секој детал е внимателно селектиран за да создаде исклучително визуелено и естетско доживување.
Покрај ВИП гостите од политичката, бизнис и естрадна елита, како и амбасадорки во Македонија од другите земји, на Салонот ќе бидат присутни Кинеската Амбасадорка во Македонија, г-ѓа Џианг Сјаојен и г-ѓа Елена Лука, сопственичка и главен менаџер на ELENA LUKA GROUP, а на подиумот ќе дефилираат и креации од висока мода на брендот ELENA LUKA, демонстрирајќи ја препознатливата елеганција, префинет стил и современост што ја издигаат македонската модна сцена на глобално ниво.
Овој настан не е само модна презентација- тоа е состанок на две богати култури, каде традицијата и современото се преплетуваат во еден естетски спектакл, создавајќи искуство што ќе остане во сеќавање на сите присутни.
ELENA LUKA повторно го потврдува својот статус на бренд што не само што ја обликува македонската мода, туку и ја спојува со интернационалната сцена, создавајќи уникатни моменти на стил и културна синергија.
Н.Т