Една година успешно присуство на ELENA LUKA на пазарот во Дубаи претставува значаен момент во развојот на брендот и уште една потврда за неговата интернационална визија и раст.
Во еден од најдинамичните и најконкурентни модни центри во светот, македонскиот бренд успеа да изгради свое препознатливо место, носејќи ја уникатната couture естетика и препознатливиот потпис на ELENA LUKA пред интернационална публика.
Зад овој успех стои континуирана работа, посветеност и јасна стратегија за глобален развој.

Г-ѓа Елена Лука, сопственик и главен менаџер на ELENA LUKA GROUP која е лидер во модата и градежништвото, ја препозна висината на задачата во младиот бизнисмен Кире Глигоров, кој успешно се справува со сите предизвици што ги носи интернационалниот пазар, работејќи на унапредување и позиционирање на брендот надвор од границите на Македонија. Со модерен пристап кон бизнисот, амбиција и визија за иднината, тој активно придонесува ELENA LUKA да стане дел од светската модна сцена.
„Во океан од модни брендови на светско ниво, ELENA LUKA за релативно кратко време успеа да се издвои и да застане рамо до рамо со препознатливи имиња од индустријата. Со свој јасен печат, силен идентитет и препознатливи креации, брендот изгради своја приказна што не останува незабележана.
Она што го прави различен е комбинацијата од автентична естетика, прецизна изработка и дизајни кои не следат тренд, туку создаваат свој правец. Секоја креација носи карактер и приказна, и токму затоа се препознава кај жени од различни генерации и националности , девојки, жени и мајки кои во нив гледаат самодоверба и стил.
Да се пробиеш на ваков пазар е исклучително тешко, конкуренцијата е огромна, стандардите се високи, а вниманието краткотрајно. Но токму доследноста, работата со години и јасната визија прават разлика меѓу бренд кој постои и бренд кој остава белег- вели Глигоров, CEO на ELENA LUKA Dubai
View this post on Instagram
По само една година присуство во Дубаи, ELENA LUKA веќе е присутна на повеќе престижни локации низ градот, меѓу кои Palm Jumeirah Mall, хотелите Five Palm Jumeirah, како и луксузниот Address Beach Resort лоциран на The Walk во Dubai Marina.
View this post on Instagram
Ова претставува значаен чекор за брендот и дополнителна потврда за неговото препознавање на интернационалниот пазар.
View this post on Instagram
Присуството на брендот во Дубаи отвори нови можности за соработки, интернационални клиенти и уште поголема видливост на модниот бренд.
View this post on Instagram
Со својата елеганција, луксузни креации и внимание кон секој детал, ELENA LUKA успева да ја пренесе македонската мода на едно повисоко ниво и да покаже дека домашен бренд може успешно да се развива и на светскиот пазар.
View this post on Instagram
Lara Tabet — позната ТВ водителка, амбасадор на луксузни брендови и основач на Arab Fashion Preneur — блесна на црвениот тепих во Дубаи во креација на ELENA LUKA
Во текот на изминатата година, брендот континуирано работеше на градење силно интернационално присуство, следејќи ги светските трендови, но истовремено задржувајќи ја својата автентичност и препознатлив стил.
View this post on Instagram
Познатата руска пејачка Hanna Dolhykh блескаше во креација на ELENA LUKA на престижниот Dubai World Cup 2026, најголемата светска коњичка трка.
Секоја нова колекција, секој настап и секој нов проект претставуваат уште еден чекор кон глобалното позиционирање на ELENA LUKA како бренд кој успешно ги спојува модата, квалитетот и современиот луксуз.
Ова е само почеток на приказната што допрва следи. ELENA LUKA продолжува да го гради својот пат како единствениот луксузен моден бренд од Македонија кој успева да добие препознатливост и интернационално значење на светскиот моден пазар, отворајќи нови хоризонти за македонската мода.
View this post on Instagram
Raisa Songbird, пијанистка која со своите настапи привлекува илјадници обожаватели, се појави на сцената на TODA Dubai во екстравагантна креација на ELENA LUKA. Нејзиниот впечатлив и елегантен изглед дополнително го засили сценскиот настап и го привлече целото внимание на публиката.
Заедно, Eлена Лука и Кире Глигоров продолжуваат да го градат патот кон ново интернационално ниво, претставувајќи ја Македонија со стил, професионалност и визија на светската модна мапа.