
Во срцето на македонската модна сцена, ELENA LUKA веќе одамна ја гради својата позиција како синоним за прецизност, стил и автентична елеганција. Брендот не се води од трендови, тој создава сопствен визуелен јазик, во кој секое парче има јасна улога и карактер.
Tenebra е токму таков израз. Структурирано сако со јасна форма и чиста силуета, кое ја носи суштината на минимализмот во неговата најпрефинета форма. Издолжените линии суптилно ја моделираат фигурата, создавајќи впечаток на висина, стабилност и самоувереност, без потреба од дополнителни украси. Посебно внимание привлекува нежниот шал кој е составен дел од самото палто.
Минималистичкиот крој е внимателно изведен до последен детал, со акцент на прецизноста и балансот. Токму во таа едноставност лежи неговата сила- Tenebra не привлекува внимание со вишок, туку со јаснотија и став.
Дизајнирано како силно базично парче, ова сако лесно се трансформира, од дневна елеганција со деловен карактер, до вечерен изглед со софистицирана нота. Неговата адаптибилност го прави неопходен дел од гардеробата на модерната жена.
Со Tenebra, ELENA LUKA уште еднаш потврдува дека вистинската мода не се наметнува, таа се препознава.
Линк до креацијата
Н.Т