ЕЛЕНА ЛУКА: Најважно во изгледот за матурската вечер е да бидете свои

Со цел да им помогне на матурантките да го изберат својот идеален матурски фустан и да ја истакнат својата автентичност ЕЛЕНА ЛУКА вчера организираше едукативен настан во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје. Свечената сала на гимназијата беше претесна да ги собере матурантите од гимназиите „Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и „Георги Димитров“ кои беа дојдени да слушнат совети од врвни модни експерти, за тоа како да изгледаат и да се чувствуваат најдобро во ноќта која со нетрпение ја очекуваат.

„Идејата за ваква презентација во образовна институција ја дискутиравме одамна – тема која е особено актуелна за матурантите, околу матурските изгледи. Заедно со тимот на ЕЛЕНА ЛУКА и модната новинарка Сани, создадовме креативна и инспиративна презентација за матурската сезона 2025. Настанот помина одлично, со голем одзив на ученици од различни училишта. Идејата за “Матурски експо” постои одамна – замислена е како платформа каде ќе се дискутираат стилски тенденции, дрес-код правила и како матурантите во Македонија го доживуваат овој значаен ден. “- истакна г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).

ЕЛЕНА ЛУКА најави дека овој настан е вовед во поголем проект што ќе продолжи во наредните години. Таа посочи дека тоа што одговориле на многу прашања и добиле и вредни сознанија за преференциите на младите е многу значајно за овој моден бренд. На присутните матуранти им порача дека најважно за матурската вечер е да бидат свои.

„Во рамките на настанот, отворивме и теми за модниот бизнис, личните амбиции и клучот за успех во модата. Најважниот совет што можеме да го дадеме е – бидете свои! Самодовербата доаѓа со изглед кој е автентичен за вашата личност, а ЕЛЕНА ЛУКА создава custom-made модели кои го рефлектираат токму тоа. Нашата матурска колекција е свежа, модерна и дизајнирана да го истакне најдоброто во секој матурант. Најбитно е да бидете свои, а ние ќе изработиме сѐ што треба во функција на вашата личност, да дадеме еден квалитетен израз на тој ден, затоа што само еднаш сте матуранти.“- нагласи г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).

ЕЛЕНА ЛУКА во рамки на овој настан донираше и фустан за една од ученичките од гимназијата Корчагин, која периодов се соочи со голем предизвик во семејниот живот, подарувајќи и матурски фустан по нејзин избор кој ќе биде изработен согласно нејзината желба и совети на врвниот тим на ЕЛЕНА ЛУКА.

„Пред сѐ сакам да се заблагодарам за целата организација и за помошта, сакам да се заблагодарам и на професорката Татјана. Овој период, со помошта на ЕЛЕНА ЛУКА ќе ми се разубави уште повеќе и матурската вечер ќе ми остане вечер која ќе ја паметам цел живот. Уште кога ја видов лаванда колекцијата на ЕЛЕНА ЛУКА многу ми се допадна, знам дека ќе направат магија.“- вели  Ана – Марија Ванчевска- матурантка во гимназијата Корчагин.

Сериозна поддршка во реализацијата на овој настан обезбеди професорката во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ која е долгогодишен соработник на ЕЛЕНА ЛУКА.

„Денеска бевме сведоци како љубовта се шири во етерот преку хуманоста, ќе почнам со зборот хуманост и тоа во месецот на љубовта, затоа што ЕЛЕНА ЛУКА- Елена Пандева дојде со нејзиниот тим во Корчагин од хумани побуди, да искреираат матурска облека за наша ученичка која за жал остана без двата родители. Ако нешто ја израдува тоа е грижата од другите луѓе, од заедницата, од нас наставниците. Свечената сала на „Корчагин“ никогаш не била поубава, таа секогаш е центар на едукација. Благодарност за тимот на ЕЛЕНА ЛУКА, матурантите добија убави насоки.  Благодарност на ЕЛЕНА ЛУКА која тука направи една голема интерактивност и дојдовме до идеја да направиме анкета за тоа каков е стилот на матурантките.“ – истакна професорката Татјана Алексиќ.

На самиот настан предавање за модните трендови кај матурантите одржа и познатата модна новинарка Снежана Сани Богдановска, која сподели корисни информации пред матурантите на една интересна тема која во моментов е во нивниот фокус.

Ова беше една навистина убава идеја поттикната од брендот ЕЛЕНА ЛУКА, за да се помогне на онаа слатка мака на матурантките да го изберат најдобриот матурски фустан. Се обидовме со совети и со примери да им помогнеме во тој избор, да ги избегнат евентуалните модни грешки кои се случуваат. Работите се изменети, но останува нишка кога матурските се претвораат во маскенбал,  матурантките наместо да изгледаат и да се чувствуваат и убаво, тие се ограничени. Денес преовладува тенденција матурантите да изгледаат младешки и во склад со својата возраст. Се надевам дека им помогнавме барем малку.“- изјави Снежана Сани Богдановска.

Настанот во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ покажа дека матурската ноќ е многу повеќе од избор на фустан, потенцирајќи ја важноста на самодовербата, стилот и личниот израз. Со својата поддршка, совети и хуманост, ЕЛЕНА ЛУКА ги инспирираше матурантите да бидат свои и го пронајдат својот совршен изглед за да ја прослават својата автентичност.

Бојана Стевческа

Повеќе фотографии од настанот се достапни тука:

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian