
Во време кога модата сè повеќе се движи кон архитектонски линии и функционален минимализам, CIRANE од ELENA LUKA се наметнува како апсолутен пролетен фаворит, палто-кошула што ја редефинира класиката. Ова не е обична кошула. Ова е дизајнерско парче што ја поместува границата меѓу елеганцијата и современата урбана естетика.
Асиметричниот wrap крој ѝ дава архитектонска динамика, трансформирајќи ја традиционалната button-up форма во силуета со став. Предниот дел се преклопува и се фиксира со метални копчиња, додека суптилниот крој на рамениците внесува структура и карактер. Токму кројот е релаксиран, со благо спуштено рамо и издолжена линија, што ја прави идеална како самостојно парче, палто-кошула за свежите пролетни денови но и како софистициран слој под сако или лесен тренч.
Таа мултифункционалност ја прави вистински „investment piece“ за сезоната. Изработена од мазна ткаенина со дискретен сатенски сјај, CIRANE паѓа уредно по телото без да се прилепува, задржувајќи чиста линија и прецизна форма. Долгите ракави со продолжени манжетни и графички затворачи го заокружуваат дизајнот со внимателен, речиси скулпторален финиш.
ELENA LUKA, како најпрепознатлив македонски моден бренд со интернационално реноме, повторно докажува дека нашиот дизајн може да биде глобално релевантен. CIRANE веќе се позиционира како хит-парче на сезоната, оној тип на модел што брзо исчезнува од полиците.
Ако сакате пролетен изглед со став, чиста линија и безвременска модерност, ова е палто-кошулата што треба да ја имате. Бидејќи ваквите парчиња не чекаат долго – тие се распродаваат.
Линк до креацијата:
Cirane Wrap Shirt – ELENA LUKA
Н.Т