Матурските прослави се ближат, а вистинскиот избор на фустан е клучен за една незаборавна вечер исполнета со гламур и висока мода. Веројатно веќе ја знаете изреката дека црниот фустан е најдобриот пријател на жената – безвременски, шик и секогаш тренди. Но, како да му дадете нова, авангардна нота и да го направите уникатен?
ЕЛЕНА ЛУКА нуди инспиративни дизајни кои ја надградуваат елеганцијата на црниот фустан со сензуални и софистицирани детали. Ви претставуваме пет трендовски начини како да оставите силен впечаток на вечерта која се памети во текот на целиот живот.
View this post on Instagram
- Отворен грб со интересно деколте
Деколтето е еден од наједноставните, но и најефективните начини да се постигне впечатлив изглед. Оваа сезона, во тренд се вкрстени прерамки што создаваат елегантен V-изрез околу вратот – совршен баланс помеѓу модерно и класично. Дополнително, фустанот е збогатен со проѕирни детали околу половината и волуменозно здолниште со слоеви плисе, додека отворениот грб и ситните кристални апликации му даваат доза на луксуз.
- Проѕирни корсети – совршен спој на гламур и сензуалност
Проѕирните корсети доминираат на црвениот тепих, а ЕЛЕНА ЛУКА ги претвора во модна магија. Овој модел комбинира елегантен, транспарентен корсет со драматично светкаво здолниште во принцеза стил. Прерамките во форма на машна не само што овозможуваат совршено прилагодување, туку и се еден од најактуелните трендови сезонава.
- Софистицираност со минимализам
За матурантките кои преферираат минималистички изглед, ЕЛЕНА ЛУКА има дизајн што го спојува класично црно елече со екстремно долго сатенско здолниште. На прв поглед едноставен модел, но со внимателно избраните материјали и совршената силуета, создава беспрекорна елеганција што привлекува внимание.
- Принт – игра на текстури и детали
Цветниот принт е совршен начин да се додаде карактер на црниот фустан. Овој модел се истакнува со мајсторски изработен корсет и стилски пресечено пуфкасто здолниште со интригантна текстура. Ефективен, модерен и впечатлив и совршен за оние што сакаат нешто различно.
- Шлиц – класика со доза на драматичност
Високиот шлиц е детаљ што секогаш додава сензуалност и елеганција. Овој модел комбинира длабоко деколте, раскошен пад на материјалот и драматично висок шлиц, создавајќи смел, но префинет изглед.
Без разлика дали сакате класичен или авангарден пристап, носејќи црн фустан од ЕЛЕНА ЛУКА ќе бидете ѕвезда на вечерта. Изберете го својот фаворит и уживајте во матурската вечер која го означува почетокот на едно ново прекрасно поглавје во вашиот живот.
Автор: Тина Димковска