Јануарската насловна страница за 2026 година на FASHIONEL е токму оваа- ELENA LUKA, симбол на луксуз, гламур и беспрекорна рачна изработка, која ја поставува модата на нови, светски висини. Влегуваме со софистицираност во Новата година и ви посакуваме нови 365 дена со стил.
Луксуз, блескавост и чиста естетика во центарот на вниманието. Колекција создадена специјално за престижниот пазар во Дубаи. Сјајот на кристали, најскапоцените ткаенини и внимателно одбрани силуети ја истакнаа уникатната визија на брендот, претворајќи го секој кадар во вистинско уметничко дело.
Со овој проект, ELENA LUKA уште еднаш го потврди својот статус како епитом на елеганција, креативност и врвна изработка на светско ниво.

Визионерската колекција плени со целосно рачно изработени креации, секоја богата со детали, прецизни кроеви и иновативен дизајн кој совршено ја доловува есенцијата на луксузот.

Секој модел е резултат на часови и часови посветена рачна работа, создаден за жената која сака да изгледа екстремно уникатно, самоуверено и неприкосновено со својот стил.

Беа претставени и величествени венчаници, изработени од најфините ткаенини, украсени со рачно аплицирани детали, скапоцени кристали и деликатни елементи кои ја истакнуваат препознатливата елеганција на ELENA LUKA.

Вистинска ода на гламурот, создадена да ја освојува модната сцена на Блискиот Исток и да афирмира македонското модно творештво на светско ниво.

Со внимателно осмислени стајлинзи, најскапоцени материјали и врвна продукција, оваа модна линија е вистински пример на светски стандарди која уште еднаш го потврдува статусот на брендот како лидер на Балканот и вистински амбасадор на македонската мода на светската сцена.






Небојша Толески