Pants in business styling

Панталоните се неизоставен дел од деловниот стајлинг во секое годишно време.

Класичната должина е најприсутна, но доколку дозволува работното место носиме и пократки модели.

Беж тоновите, бела, сива и црната се боите кои ги сретнуваме најчесто, но не изостануваат и варијантите со дезени и поразиграни нијанси.

Ги комбинираме во зависност од сезоната, а во лето спојките се најчесто со памучни кошули, маички на кратки ракави и елегантни блузи во зависност од дрес кодот.

Кроевите со раб се секогаш сигурен избор како и широките модели.

Потпетиците совршено одговараат речиси на секој модел, а доколку работата дозволува,  панталони комбинираме со патики и сандали.

Ваше е само да го одберете парот што најмногу ви прилега.

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish