Во светот на модата работите се движат малку позабрзано, па така веќе имаме пролетни кампањи од модните куќи. Една од нив е и кампањата на Ив Сан Лоран за пролет 2025 на којашто заштитно лице е актерката Гвинет Палтроу.
Гвинет не само што е успешна холивудска ѕвезда, таа и е познат бизнис могул. Токму затоа таа совршено се вклопи во модната естетика на брендот.
Палтроу и самата посветува големо внимание на стилот којшто варира од бизнис до кежуал варијанти.
Овој пат за потребата на кампањата актерката носи две култни парчиња од модната куќа – блејзер на риги инспириран од модата во 80-те и секако познатата YSL црна кожна јакна.
Тука е и моделот на очила за сонце којшто постојано се враќа во мода, а најзаслужна за тоа е Хејли Бибер која исто така е заштитно лице на Сан Лоран.
Гвинет во 2011 го стартуваше lifestyle порталот GOOP. Оваа платформа нуди совети за здрав живот и мода, а под истото име се произведуваат голем број парчиња облека и аксесоари за домот.
Photo: Instagram