Неколку дена пред празникот што ја слави љубовта, Њујоршката модна недела ја одбележа романтично-цветна колекција со потпис на Каролина Ерера.
Инспирацијата за колекцијата, Вес Гордон ја најде во еден од неговите омилен филмови од 70-те Welcome, Mr. Chance и книгата врз која е базиран.
Моделите чекореа низ сценографија којашто наликуваше на цветна градина, облечени во свила проткаена со деликатни флорални дезени.
Креативниот директор стави посебен акцент на убавината и софистицираноста, што е впрочем и идејата на модната куќа.
Според Вес секоја боја има своја убавина и не треба да се врзува со одредено годишно време, па така колекцијата есен-зима 2025 беше прилично шаренолика.
Во однос на кроевите се беше симетрично дефинирано, со строги линии давајќи една совршена доза на префинетост, а како јаготка на шлагот беа моментите на нежна тантела и светкави монистри.
Фото: Launchmetrics Spotlight