
Евровизија никогаш не била место каде се раѓаат модните трендови во класична смисла. За разлика од модните недели во Париз или Милано, оваа сцена ретко диктира што ќе се носи следната сезона. Но, ако постои еден глобален настан каде модата отсекогаш служела како простор за шок, театар, визуелна драма и неконтролирана креативност, тогаш тоа е токму Евровизија.
Во таа смисла, натпреварот со години функционира како своевидна „поп-културна Met Gala“, место каде сценскиот изглед е подеднакво важен како и песната. Театралноста, екстраваганцијата, кичот, „извртената“ естетиката, футуризмот и гламурот овде не се модна грешка, туку дел од ДНК-то на настанот.
View this post on Instagram
Токму затоа, вчерашното свечено отворање на Евровизија 2026 и нејзиното 70- то издание и традиционалниот тиркизен тепих уште еднаш се претворија во визуелен спектакл каде границата помеѓу сценски костим, висока мода и перформанс речиси целосно исчезна.
View this post on Instagram
Инаку, оваа година настанот се одржува во Виена, Австрија, настапуваат 35 земји (Македонија и оваа година не учествува), три вечери, првото полуфинале на 12, второто на 14 мај и големото финале на 16 мај. На ова најгледано музичко шоу на планетата секогаш му претходат контроверзи, политика и лобирња, а многу земји не учествуваат годинава токму поради Ираел и војната во Иран.
View this post on Instagram
Тиркизниот тепих како сцена за моден перформанс
За разлика од класичните red carpet настани, тиркизниот тепих на Евровизија има сосема поинаква енергија. Овде не доминира суптилниот луксузниот минимализам што моментално владее во високата мода, туку изгледи создадени да бидат забележани, на телевизија, на TikTok, на социјалните мрежи и во мем-културата.
View this post on Instagram
Голем дел од овогодинешните учесници се појавија во драматични сценски комбинации со металик текстури, архитектонски силуети, кристали, транспарентни материјали и exaggerated tailoring. Доминираа корсети, футуристички детали, oversized ракави, скулптурални форми и костими што повеќе потсетуваа на сценографија отколку на класична мода.
View this post on Instagram
Некои делегации очигледно играа на карта на извртена естетиката, намерно претерување што функционира како дел од евровизискиот дух. Други, пак, се обидоа да внесат couture пристап со внимателно конструирани silhouettes и high-fashion styling.
Границата помеѓу кич и модна храброст
Она што Евровизија секогаш ја прави интересна од моден аспект е токму тенката линија помеѓу впечатливо и претерано. На тиркизниот тепих и годинава имаше изгледи што јавноста ги оцени како визуелно моќни и концептуални, но и такви што веднаш беа прогласени за „моден хаос“.
View this post on Instagram
Дел од учесниците се појавија во драматични монохроматски изгледи со силна сценска конструкција, додека други се одлучија за естетика инспирирана од sci-fi, ретро диско гламур или дигитална pop култура.
View this post on Instagram
Особено впечатлив беше фактот што многу артисти повеќе не се обидуваат да изгледаат „реално“ или носливо. Напротив, целта е изгледот да стане продолжение на сценскиот настап и визуелен идентитет на песната.
View this post on Instagram
Евровизија како моден медиум на интернет ерата
Во ерата на TikTok и Instagram, Евровизија одамна престана да биде само музички натпревар. Денес таа функционира како огромен визуелен медиум каде секој изглед е создаден да стане screenshot moment.
View this post on Instagram
Токму затоа модата на Евровизија 2026 изгледаше толку хиперболично, не затоа што учесниците сакаат да бидат класично елегантни, туку затоа што сакаат да бидат незаборавни.
View this post on Instagram
И додека модната индустрија моментално се движи кон тивок луксуз и минимализам, Евровизија останува едно од ретките места каде максимализмот, драмата и визуелниот спектакл сè уште живеат без ограничувања.
View this post on Instagram
Малата Met Gala на поп-културата
Можеби токму затоа тиркизниот тепих на Евровизија продолжува да биде толку фасцинантен. Не затоа што поставува трендови, туку затоа што создава моменти. Моменти што се движат помеѓу уметност, кич, мода и перформанс.
View this post on Instagram
И токму во таа мешавина на театар, поп култура и модна слобода лежи вистинската моќ на Евровизија, настан што никогаш не се плаши да биде претеран и визуелно драматичен.
Н.Т
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram