Хелен Мирен: Чевли купував во продавници за стриптизети

Холивудската дива и оскаровка Хелен Мирен повторно докажа дека стилот нема возраст. Во неодамнешно интервју за британскиот Вог, легендарната актерка откри моден трик што со години ѝ помагал да изгледа повисоко, посамоуверено и помоќно на црвениот тепих.

Мирен признала дека во раните години од кариерата, кога често се појавувала покрај повисоки актерки, сакала да додаде неколку сантиметри повеќе, и тоа не со обични салонки. Нејзиното решение биле екстремно високи платформи какви што во тоа време се продавале главно во специјализирани продавници за егзотични танчерки.

„Тие чевли беа моето тајно оружје“, – вели Мирен.

Што е уште поинтересно, првиот пар го купила за само 39,99 долари. Иако се поим за провокативност, токму тие платформи ѝ дале чувство на стабилност и доминација на црвениот тепих.

Она што ја прави оваа приказна инспиративна не е само изборот на обувки, туку пораката што стои ја носи. Мирен никогаш не се плашела да експериментира, да ги прекрши правилата или да избере нешто неочекувано ако тоа ѝ носи самодоверба.

Денес, кога платформите се повторно голем тренд, нејзиниот „таен трик“ веќе не е толку таен. Сепак, пристапот на Хелен останува лекција за сите љубителки на модата – облеката и чевлите не се само естетика, туку алатка за лична моќ и самодоверба.

Со децении на сцена, бројни филмски награди и статус на модна инспирација, актерката покажува дека стилот е игра и најважното правило е да се чувствувате добро во сопствената кожа.