Холивудска средба, кристали и реси: Нашите познати дами диктираа стил

Минатата недела неколку познати домашни јавни личности повторно покажаа дека модата и јавниот настап за нив не се случајност, туку внимателно осмислен визуелен израз. Усогласени, стилски прецизни и со изграден естетски сензибилитет, тие уште еднаш потврдија дека вниманието кон изгледот е важен дел од нивниот јавен имиџ.

Лила Филиповска, една од најпознатите водителки моментално престојува во Њујорк, од каде редовно споделува фотографии што ја пренесуваат атмосферата на големиот град.

На нив се забележува лежерен, но внимателно избалансиран стил, со впечатливи модни моменти кои природно се вклопуваат во урбаната енергија на мегаполисот.

Особено внимание привлече и моментот кога беше забележана во друштво на познат холивудски актер на Бродвеј, што дополнително го засили интересот на јавноста.

Во домашниот медиумски простор, Миа Костова, една од најпознатите инфлуенсерки се одлучи за класична црна креација, избор што повторно ја потврди нејзината наклонетост кон минимализмот и елеганцијата.

Целиот изглед беше дополнет со прецизно стилизирана фризура и впечатлив моден детаљ кој дискретно, но ефективно го заокружи стајлингот.

Водителката Вера Мештеровиќ се појави на Виенскиот бал во Скопје во свечена црна тоалета со суптилни кристални детали.

Комбинацијата на силуета, материјал и сценска присутност создаде впечаток на класична елеганција, нагласена од нејзината висина и држење, што дополнително ја истакна креацијата.

Музичката сцена пак, доби нов визуелен и звучен момент преку соработка на фолк кралицата Благица Павловска и Антониа Гиговска, што привлече големо внимание. Преработка на позната песна Чукај, чукај срце донесе неочекувано спојување на генерации и стилови, каде современиот урбан израз се сретна со препознатлив фолк печат.

И двете во реси. Антониа со фармерки и миниламистички горен дел, а Благица целосно во фустан со реси.

Контрастот во модниот израз, од урбани, разиграни комбинации до сценски, драматични детали, дополнително ја засили визуелната динамика на проектот.

Сите овие појавувања уште еднаш покажуваат дека модата кај јавните личности не е само естетски избор, туку продолжение на нивниот идентитет, сценски настап и комуникација со публиката.

Н.Т