Ја осудија на пропаст: Модната недела во Њујорк сепак понуди свежина

Неделата беше сведок на враќањето на најголемите имиња на американската мода во „Големото јаболко“

Њујоршката недела на модата веќе подолго време се бори против мислењето дека ги живее своите последни денови.

Списанието Cosmopolitan побара од градоначалникот Мамдани да ја „поправи“ Њујоршката недела на модата, а минатата недела модната новинарка Ејми Одел го испрати својот билтен со наслов „Смртоносната спирала на Њујоршката недела на модата“. Сепак, судејќи според модните писти, никогаш не би го претпоставиле тоа.


Неделата беше сведок на враќањето на најголемите имиња на американската мода во „Големото јаболко“ за да ги претстават своите колекции, од Мајкл Корс до Келвин Клајн, како и радосното враќање на Дијан фон Фирстенберг под возбудливото ново креативно раководство на Хенри Занков.

Колекциите се одликуваа со леснотија благодарение на примената на бои кои делуваа свежо, како и на силуети кои беа брановидни, лелеави и токму она што би сакале да го носите на екстремните горештини што штокуку ги искуси северната хемисфера.

Во продолжение се моментите од модната писта на кои треба да обрнете внимание додека се приближуваме кон облекувањето за топло време:

Келвин Клајн 

Додека првите неколку колекции на Вероника Леони за Келвин Клајн силно се потпираа врз минималистичките корени на брендот од 90-тите години, оваа сезона нагна кон современоста.


Чистите линии карактеристични за ДНК-та на брендот останаа присутни, но современите елементи како перфорирана кожа, текстурирани маички на прерамки, динамични деколтиња и акценти во јарко сина, црвена, розова и жолта боја направија сè да делува неоспорно во духот на 2027 година.

Ралф Лорен

Оваа сезона Ралф Лорен сакаше сите повторно да се загледаат. Препознатливиот препи-стил на брендот речиси и да го немаше во 50-те изгледи, наместо тоа, сè беше во знакот на високиот гламур. Имаше раскошни јакни опшиени со крзно, други изработени од брокат, а трети со пренагласени брошеви во форма на cвеќа.


Фустаните беа со должина до подот и лелеави, понекогаш носени со проѕирни опера-ракавици, а повремено изработени од иридесцентни ткаенини или метална плетка (челична мрежа). Наговестувањата за класичниот стил на Ралф Лорен сè уште беа присутни преку панталоните со вертикални пруги, елеците и блејзерите со нагласени рамена, но тие отстапија пред божествената женственост на модната писта.

Мајкл Корс 

Оваа сезона Мајкл Корс се врати во Њујорк со значително помалку вампирска (но исто толку интересна) колекција за пролет/лето.


Брендот се откажа од својот препознатлив животински принт и разиграните силуети во корист на попрактична летна облека бидејќи кој сака да се оптоварува кога надвор е 35 степени?- избирајќи наместо тоа чисти линии, еднобојни комбинации (со исклучок на дезените со пруги) и должини до колена кои беа современи и свежи во секој поглед.

Тори Берч 

Мајката на американската спортска облека (но не на начин со хеланки и спортски градници) понуди уверлив концепт за деловна облека која делуваше свежо, возбудливо и интелигентно.


Како и обично, брендот вешто балансираше помеѓу младешкиот дух и зрелоста, претставувајќи едноредни јакни и капути што би можеле да се замислат на префинетите њујоршки дами, кожени здолништа со низок струк во живи бои совршени за одважните љубители на модата, како и шармантни тесни шалови налик на гирланди, идеални за двата стила.

Томи Хилфигер 

Кога е во прашање препи-стилот, малкумина можат да му парираат на Томи Хилфигер. Колекцијата за пролет/лето ’27 остана верна на своите корени со 69 вешто стилизирани комбинации кои зрачеа со нејзиниот препознатлив и едноставен американски дух.


Ова беше колекција за децата од приватните училишта кои имаат чувство за стил и проблем со авторитетот: јаките беа изгужвани, вратоврските лабави, кошулите раскопчани и надвор од панталоните, а чорапите во основни бои се носеа со ниски патики или, во најбунтовните случаи, со сандали.

Проенза Шулер 

За својата втора колекција за њујоршкиот бренд, Рејчел Скот ја црпеше инспирацијата од жената за која брендот беше создаден пред 24 години: некој со одличен вкус и наклонетост кон неочекуваното.


Потешката палета од црвена, сино-зелена и црна боја беше пресечена со кисело жолта, светло сина и сенф боја за да се внесе леснотија. Силуетите понекогаш беа волуменозни и раскошни, другпат припиени до телото, а животинскиот принт беше применет умерено, но паметно, правејќи ја целата колекција примамливо секси.

Коуч

Брендот стар 85 години знае како да се забавува, а тоа го докажа и на пистата. Колекцијата започна во прилично типичен стил за Коуч, иако малку посериозно од вообичаено. Повеќето модели беа претставени во црна или сива боја, со здолништа облечени преку панталони и џемпери врзани околу струкот бидејќи понекогаш, кога имате работа до 18 часот и забава во 19 часот, не можете со себе да носите торба со резервна облека.


Непосредно пред работите да станат премногу сериозни, креативниот директор Стјуарт Веверс го направи пресвртот, испраќајќи ги последните осум модели на пистата прекриени со штипки, конфети и парти-капи.

Марк Џејкобс 

Излегувајќи надвор од официјалниот распоред, Марк Џејкобс ја претстави својата колекција за пролет/лето ’27 уште во јуни, предизвикувајќи воодушевување кај публиката.


Како еден од најрадосните дизајнери во индустријата, Џејкобс испрати 31 модел во живописни бои на пистата, обвивајќи ѓердани од смолести мониста околу вратовите, слоевито поставувајќи целофански фустани преку хулахопки во боја и опшивајќи ги јакните со прекрасен сјаен вез. Аналитичарката за модни трендови Манди Ли ја нарече оваа колекција „колекција без утка“. Склони сме да се согласиме со тоа.

Каите

„Лелеаво“ не е збор што вообичаено се поврзува со типично елегантниот и минималистички њујоршки бренд Каите, но неговото шоу за пролет/лето беше значително помодерно и поприказно од претходните колекции.


Каја Гербер го отвори шоуто во кожено здолниште со исклучително висок струк и бистие, што е очекувано за брендот, но следните модели беа далеку романтични: цветниот вез го најде своето место на здолништата и фустаните, рабовите беа со каранери, а ракавите беа лелеави. Точно пред да помислите на рурален стил, беа употребени кожени јакни и цигара-панталони за да ги поагресираат работите и да направат сè да изгледа привлечно и атрактивно, во вистински стил на Каите.