Каде е најубавата мисица што некогаш Југославија ја имаше: го заведе Дикаприо, заработувала 3.000 долари дневно, а потоа протекоа шокантни фотографии

Во 1982 година, милиони беа убедени дека за нова Мис на светот ќе биде прогласена фаталната Бернарда Маровт од тогашна Југославија. Списанијата и таблоидите беа преплавени со нејзини фотографии, се редеа пофалби, а обожавателите беа залепени за телевизорите кога се пренесуваа изборите со убавата Целјанка, а потоа сè се сруши.

Експлицитни фотографии на Бернарда се појавија во календар кој беше продаден во тираж од 350.000 примероци, а токму овој календар беше причината зошто Бернарда остана без шанса да стане најубава жена на изборот во Лондон.

По тоа што претходно победи на избор организиран во Загреб, Бернарда на изборот за најубава жена на светот во Лондон во 1983 година успеа да ја освои само титулата „мис фотогеничност“, бидејќи на жирито, наводно, им пречеле разголените фотографии од „Старт“.

Нејзините разголени фотографии се појавија и во „Дејли Мирор“, што во тоа време беше вистински скандал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bernie Marovt (@berniemarovt)

На самиот избор, Бернарда носела проѕирна тоалета која комисијата ја одобрила. Нозете ѝ биле покриени, но се чинело дека при свртување ѝ се гледале гаќичките. Тогаш, наводно, нејзиниот пласман во топ 5 бил завршен.

Се шушкаше дека сето тоа го „смислила“ Џулија Морли, шефица на лондонскиот избор за Мис, на која не ѝ одговарало една Југословенка да победи.

Бернарда во 1984 година го тужела „Старт“ за еден милион динари, бидејќи наводно неосновано ги објавил нејзините фотографии.

Потоа продолжила да се занимава со манекенство. Била прогласена за топ модел на Италија и топ модел на Европа, а на врвот на кариерата заработувала 3.000 долари дневно. Се зборува дека на нејзината убавина паднал и самиот Леонардо ДиКаприо.

Денес, речиси 43 години подоцна, Бернарда и понатаму одзема здив со својата безвремена убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bernie Marovt (@berniemarovt)

Се занимава со моделинг, снима реклами. Веќе долги години во Словенија организира меѓународен натпревар за фотомодели и има отворено школа за манекенство за млади.