Секое лето, традиционално Кејт Мидлтон и принцот Вилијам летуваат во замокот Балморал во Шкотска, каде што се собираат и другите членови од кралското семејство.
Тие двајцаат имаат и имот во Амер Хал, Норфолк, каде неретко доаѓаат во летниот период.
Уште една омилена дестинација на Кејт и Вилијам се островите Сили во Југозападна Англија, одлично тивко места за мирен одмор и релаксација.
Целата кралска постава оди на летен одмор од средината на јули до крајот на август. Тој период е посветен само за семејството и не се присуствува на официјални настани.
Кејт и Вилијам освен во Обединетото кралство летуваат и на други дестинации а една од тие е карипскиот остров Мистик.
Познатата двојка со семејството дел од летото го поминува и на југот на Франција уживајќи во прекрасен замок.