Како да препознаеме дека едно парче навистина ни стои

Разликата не е секогаш во големината, цената или актуелниот тренд.

Таа често се крие во кројот, пропорциите, материјалот и начинот на кој се чувствуваме во облеката. Еве како да препознаете дека токму следното парче облека е навистина за вас.

Кројот е поважен од бројката на етикетата

Една од најчестите грешки при купувањето облека е премногу да се потпираме на големината означена на етикетата. Истата големина може да изгледа сосема различно кај два бренда, а дури и два модели од ист производител може да имаат различен крој. Наместо да се обидуваме да влеземе во одреден број, подобро е да внимаваме на тоа како парчето паѓа на телото.

Beige Blazer Outfit - Etsy

Огледалото не е единствениот тест

Кога пробуваме ново парче, често застануваме пред огледалото, гледаме од напред и донесуваме одлука. Но облеката треба да изгледа добро и кога се движиме. Прошетајте неколку чекори, седнете, кренете ги рацете и погледнете како материјалот се однесува при движење. Добриот крој не треба само да изгледа убаво во една поза, туку да биде функционален во реалниот живот.

Regata Feminina Ideal: Modelos e Dicas de Estilo
 – Anellimn

Не е доволно само да ни се допаѓа бојата

При пробување, поставете го парчето блиску до лицето и набљудувајте го целокупниот впечаток, а не само самата боја. Ако одредена нијанса ви се допаѓа, но не ви се допаѓа како изгледа во близина на лицето, можете да ја носите преку панталони, здолниште, чанта или обувки, а горниот дел да го изберете во боја што повеќе ви одговара.

Common Color Analysis Mistakes: Why You Might Be Wearing Colors That Drain Your Complexion

Вистинското парче ги следи пропорциите

Широки панталони, предимензионирани блејзери, кратки јакни и долги капути можат да изгледаат одлично, но нивниот ефект зависи и од тоа со што ги комбинираме. Важна е рамнотежата меѓу различните делови од комбинацијата и да знеме која силуета сакаме да ја создадеме.

Oversized — MODEDAMOUR

Доброто парче не бара постојано поправање

Постои разлика меѓу облека што бара малку внимание и облека во која цело време сме свесни за нејзините недостатоци. Ако постојано го повлекуваме здолништето надолу, ги местиме ракавите, ја затвораме кошулата со рака или се чувствуваме ограничено при движење, можеби парчето не е вистинскиот избор за нас.

shopping with a stylist

Најважно е како се чувствуваме во неа

Облеката може да ги исполнува сите модни критериуми, а сепак да не биде вистинска за нас. Можеби кројот е одличен, бојата е актуелна и комбинацијата изгледа совршено, но едноставно не се препознаваме во тој стил. Тоа е доволна причина да продолжиме да бараме.


Најдоброто парче во гардеробата не е секогаш најскапото, највпечатливото или она што моментално го носат сите. Тоа е парчето што ги спојува добриот крој, удобноста, личниот вкус и практичноста. Затоа, следниот пат кога ќе посегнете по нешто ново, запрашајте се дали ви стои, дали се чувствувате добро во него и дали навистина ќе го носите.