Како изгледаше црвениот тепих на годинешните SAG Awards

Изминатиов викенд се случи уште едно предоскаровско загревање со доделување на САГ наградите или Screen Actors Guild Awards.

Овие награди, традиционално, даваат мал увид во тоа кои актери, режисери и филмови би можеле да се закитат со најпрестижната награда Оскар.

Домаќинка на настанот беше актерката од Gossip Girl Кристен Бел. На 31-то по ред издание главната награда припадна на психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, додека наградите за најдобри актери во главна улога ги добија Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance).

Покрај младите актерски имиња како Ариана Гранде и Селена Гомез, црвениот тепих беше почестен и со присуство на филмски ветерани како легендарната Џејн Фонда која ја доби наградата за животно дело.

Црвениот тепих одговори во целост на очекувањата. Софистицирани и елегантни изданија од познати дизајнери продефилираа пред објективите, ставајќи акцент на црната боја и суптилно нагласената женска фигура.

Некои од дамите одбраа сиви нијанси, а имаше и такви коишто решија да облечат костум.

Во продолжение погледнете ја галеријата:

Фото: Getty

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian