Како од друг свет: ELENA LUKA го подигна луксузот на сосема ново ниво!

Елена Лука ги креира најдобрите модни приказни кај нас, претворајќи ја секоја дама во икона на современиот гламур

Кога станува збор за есенско-зимската сезона за 2026 година, најдобриот македонски моден бренд ELENA LUKA повторно ја презема централната сцена, претставувајќи колекција која ги поместува сите граници на високата мода. Најновата креација, моќен, црн мантил тоалта е круна на оваа сезона и вистинско уметничко дело што го редефинира есенскиот луксуз.

Како еден од највпечатливите модели во новата колекција за есен/зима 2026, оваа тоалета носи совршена рамнотежа меѓу архитектуралната строгост и женствениот волумен. Со драматична висока јака што го рамкира лицето и богат низа од рачно изработени набори кои се спуштаат по должината на целокупната силуета, креацијата одишува со кралска доминација и суптилен мистицизам.


„Нашата цел за сезоната есен/зима 2026 беше да создадеме парчиња кои не се само облека, туку моден став и инвестиција во идентитет. Оваа креација е наменета за жената која чекори со непоколеблива самоувереност и ги препознава вистинските уникати,“ истакнуваат од модниот бренд.


Истакната пред препознатливиот логотип на брендот, оваа креација уште еднаш докажува зошто ELENA LUKA ги креира најдобрите модни приказни кај нас, претворајќи ја секоја дама во икона на современиот гламур.