Должината на здолништето може целосно да го промени впечатокот што го остава една комбинација.
Важно е каде точно завршува здолништето, како се вклопува со вашата висина, градба и обувките, но и за која прилика го носите.
Здолниште до колена
Ако сакате должина со која тешко може да погрешите, здолништето до колена или малку под нив е одличен избор. Оваа должина изгледа уредно и елегантно, а особено добро функционира со кошули, сакоа и едноставни блузи.
Миди - најлесната формула за елегантен изглед
Миди здолништето завршува некаде помеѓу коленото и глуждот и е едно од најразновидните парчиња во гардеробата. Добро изгледа со кошула, тенок џемпер, сако или едноставна маичка, а должината лесно се приспособува и за дневни и за поелегантни комбинации.
За пониските - внимавајте на пропорциите
Кај пониските жени особено е важно здолништето да не завршува премногу ниско на листот. Висок струк, миди модел со добро поставен раб или подолго здолниште со дискретен шлиц можат да создадат визуелно подолга линија на ногата.
Макси за впечатлив и женствен изглед
Долгото, макси здолниште кое се приближува до глуждовите создава поиздолжена и драматична силуета. Особено убаво изгледа кога е со висок струк, а ако сакате визуелно полесен изглед, изберете модел со шлиц или со материјал кој убаво паѓа.
Не одбирајте должина само според висината
Најдобрата должина не е иста за секоја жена. Важни се и кројот, материјалот, струкот и местото каде што завршува здолништето на ногата. Наместо да се водите само од едно „модно правило“, пробајте неколку должини пред огледало и фотографирајте се од иста далечина.
Ако се двоумите меѓу две должини, погледнете каде завршува рабoт. Ако паѓа токму на најширокиот дел од листот и имате чувство дека ногата изгледа пократко, пробајте го здолништето малку пократко или малку подолго. Понекогаш само неколку сантиметри се доволни за целосно поинаков изглед.