Како се создаде величенствената Couture: зад сцената на Dubai колекцијата на ELENA LUKA

За една couture креација да стигне пред камера или публика, зад неа стојат стотици часови тишина, концентрација и прецизност. Во ателјето на ELENA LUKA, Dubai колекцијата COUTURE започна многу пред јавноста да ја види. Но, не е само оваа колекција. Брендот ја лансираше и FALCON, исто наменета за Блискиот Исток која е поразлична од COUTURE, но со иста цел- славење на женственоста, луксузот, гламурот и сето она што ѝ припаѓа на една дама.

Од првите скици конкретно за COUTURE, до изборот на ретки ткаенини и рачното везење, секоја креација е третирана како посебно уметничко дело. Многу од фустаните се градени слој по слој, со рачна апликација на кристали и текстури кои бараат микроскопска точност. COUTURE не трпи грешки, секој бод е видлив, секој детаљ зборува.

Само еден од многуте примери:

На секоја венчавка постои една фигура што владее без конкуренција – невестата. Венчаницата Crown of Eternity од ELENA LUKA Couture е врвниот израз на невестинска величественост — ремек-дело создадено за еднаш во животот, кое ја претвора невестата во скапоцениот бисер на сопствената свеченост.

Изработена од шеснаесет метри исклучителна француска чипка и раскошно украсена со тринаесет килограми сертифицирани кристали Swarovski, венчаницата блеска со вонземска светлина, како безброј ѕвезди да се вткаени во нејзината ткаенина. Два месеци неуморна couture-изработка ѝ дадоа живот на оваа креација, каде секој детал сведочи за префинетост, реткост и посветеност.

И внатрешноста на венчаницата е подеднакво извонредна. Поставата е создадена со ретка француска бодисјут-техника, целосно изработена од чиста свилена тул-мрежа, обезбедувајќи совршен баланс меѓу удобност и луксуз. Отстранливото надздолниште нуди раскош достоен за кралски влез, додека двојната корсетна конструкција овозможува стабилност и леснотија, дозволувајќи ѝ на невестата да владее со грациозност во текот на целата вечер.

Ова не е само венчаница — ова е крунисување. Дизајнирана за жената која сака да биде незаборавна, Crown of Eternity гарантира дека нејзиниот сјај ќе остане запаметен засекогаш…

Фотосесијата што следеше беше финалниот чин на тој процес.

Тимот работеше како филмска продукција: светло, агли, материјали што мораат да фатат одраз и сенка во ист момент. Фотообјективот на врвниот Зоран Стојановски Зонде содаде магија, а еве како се создаваше таа:

 

Она што публиката го гледа како гламур, всушност е резултат на дисциплина и мајсторство. За потребите на вакво величенствено ремек-дело беа потребни две локации, од кои едната во Истанбул, гламурозна палата на Босфорот која идеално се слеа со колекцијата.

 

Едноставно- останувате без зборови кога гледате дека наш бренд е успешен на светската мапа, слободно парирајќи со другите светски брендови!

Н.Т