
Во софистицирана мода, најголемиот предизвик не е да се создаде уште една убава креација. Вистинскиот предизвик е да се дизајнира за жена која има изграден идентитет, која не ја следи модата слепо, туку ја избира како продолжение на сопствената личност. Токму тоа е филозофијата што со години ја негува ELENA LUKA, да создава креации за дами со префинет вкус, самодоверба и чувство за безвременска елеганција.
Во новата колекција LA DOLCE ESTATE SS26, два ансамбли особено го доловуваат тој дух – романтичниот Bianca ансамбл и нежното, софистицирано Poisia здолниште. Создадени за жени кои знаат дека вистинскиот луксуз не е во впечатливоста, туку во беспрекорниот крој, квалитетните материјали и вниманието кон секој детал.
Bianca ансамблот е вистинска ода на современата женственост.
Палтото во боја на слонова коска, изработено од раскошна цветна чипка, внесува префинета структура во силуетата.
Долгите проѕирни ракави, елегантното закопчување и богатата текстура ја нагласуваат couture естетиката, додека плисираното тул здолниште, украсено со нежни апликации во форма на пеперутки, создава чувство на леснотија и движење.
Заедно, тие формираат хармоничен изглед во кој романтиката и елеганцијата се спојуваат во совршен баланс.
Подеднакво впечатливо е и Poisia здолништето – лелеаво миди парче изработено од лесна ткаенина со суптилен дезен на точки.
Неговата меко волуменозна силуета грациозно го следи движењето на телото, додека винтиџ инспирираните детали му даваат безвременски шарм.
Во комбинација со Poisia Top создава елегантен летен ансамбл, но и како самостојно парче лесно се вклопува во гардеробата на жената која знае како да ја истакне сопствената индивидуалност.

Poisia Skirt and Top – ELENA LUKA
Она што ги прави овие модели уште попосакувани е фактот што моментално се достапни со специјален попуст.
Токму затоа, интересот за нив е исклучително голем, а најбараните броеви и модели брзо се распродаваат. За дамите кои одамна научиле дека вистинската елеганција не чека, ова е вистинскиот момент да изберат креација која ќе остане актуелна многу подолго од една сезона.
Н.Т