Кејт Мидлтон го носи трендот што ELENA LUKA веќе го претвори во модна естетика

Кога принцезата Кејт Мидлтон се појавува во јавност, модниот свет внимателно следи. Нејзиниот стил со години претставува балансирана комбинација од кралска елеганција, современа женственост и суптилен повик кон безвременските модни кодови. Но последното појавување на градинарската забава во Buckingham Palace отвори уште една интересна модна тема, големото враќање на точките, плисираните здолништа и романтичниот винтиџ гламур.

Во комбинација инспирирана од стилот на Принцезата Дајана, принцезата од Велс избра лелеаво здолниште со точки, нагласен струк и софистицирана силуета што веднаш ги освои модните критичари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EVOKE (@evokedotie)

Но додека светските медиуми зборуваат за „најновиот тренд на сезоната“, македонскиот моден бренд ELENA LUKA веќе ја развива истата естетика во својата колекција La Dolce Estate SS26.

Токму таму се појавува Poisia Skirt, плисирано миди здолниште со точки, дизајнирано со лесна, флуидна конструкција и романтично движење што речиси интуитивно кореспондира со естетиката што денес ја носи Кејт Мидлтон.

Она што е особено интересно е што ELENA LUKA не го третира дезенот со точки како ретро носталгија, туку како современ моден јазик. Во Poisia Skirt, точките добиваат нова улога, делуваат лесно, префинето и воздушесто, без претерана драматика, но со јасно чувство на женственост.

Здолништето е изработено со мека волуменозна силуета што грациозно паѓа околу телото, создавајќи движење и леснотија со секој чекор. Миди должината внесува класична елеганција, додека плисираната структура додава динамика и софистицираност.

Во модниот свет, токму ваквите парчиња денес се сметаат за симбол на „тивок лулсиз“, естетика што не се потпира на екстраваганција, туку на крој, движење и прецизна конструкција.

И тука ELENA LUKA покажува нешто многу поважно од следење трендови, способност да ги препознае пред да станат глобален моден момент.

Колекцијата La Dolce Estate SS26 уште од самиот почеток се темели на медитеранска леснотија, романтични линии, префинета женственост и силуети што изгледаат безвременски — токму она што денес повторно го диктираат и кралските модни избори.

Не е случајно што модата повторно се враќа кон точки, плисирани текстури и нагласени струкови. По години доминација на минимализам и строги линии, светската мода повторно бара мекост, романтика и движење.

Последниот изглед на Кејт Мидлтон можеби повторно го актуализираше овој стил на глобално ниво, но Poisia Skirt покажува дека модната визија на ELENA LUKA одамна се движи во таа насока, тивко, софистицирано и чекор пред сезонските трендови.

Н.Т