
Џазмин Грејс Грималди го помина големиот дел од својот живот низ приказна која речиси изгледа како филмска, ќерка на принцот Алберт од Монако, родена во САД и претежно израсната надвор од вниманието на јавноста, таа порасна далеку од палатата чие презиме го носи.
Сега, со нејзиниот дебитантски сингл „Cup of Tea“ (излезен на 20 март), таа стапува во центарот на вниманието но по свои услови.
Иако нејзиниот татко е еден од најпознатите европски кралски личности, син на Грејс Кели и принцот Рение III, патот на Џазмин кон тој свет бил секако нетрадиционален. Нејзината мајка, Тамара Ротоло, Американка која се запознала со принцот Алберт додека одморала на Француската ривиера во раните 1990-ти, ја воспитувала во Калифорнија.
Алберт ја признал Џазмин како своја ќерка во јавноста во 2006 година, 14 години по нејзиното раѓање, поставувајќи во тек внимателна и постепена еволуција на нивниот однос. Во годините што следеле, таа создала свој иденитет додека го прифаќала своето место во Грималди наследството и сега, како поп-уметник, актерка и хуманитарец, таа ја презема контролата над својата приказна по свои услови.
„Откако бев мала, мојата мајка ме информираше од каде е мојот татко и од каде јас потекнувам,“ вели таа за PEOPLE. „Значи за мене, ништо од тоа никогаш не беше изненадување. Знаев дека е доста уникатно, но не сфаќав колку големо значење има и како другите луѓе би реагирале на тоа. Кога веста излезе, имав 14 години, што е многу клучна возраст за било кој млад човек. Не мислам дека би можеле да ми платат да се вратам на таа возраст.“
„Веќе се претставував како Џазмин пред моите пријатели и заедницата. И тоа што веста излезе на јавен начин… дефинитивно беше интересен момент во мојот живот,“ продолжува таа. „Но, исто така бев благодарна што не морав да чувствувам дека тоа е дел од мене кој не можам да го споделам. Сега беше изнесено на отворено.“
Носејќи етикети како „дете од неверство“ и „вонбрачно“ уште од мали години, Џазмин научила рано да го игнорира надворешниот шум и да се фокусира на себе и својата иднина.
„Дури и пред мојот татко да ме признае, се појавуваа шепоти и написи за кои мојата мајка беше многу отворена и не ги криела. Знаев дека се однесуваат на мене, но никогаш не станаа главна фокусна точка во мојот живот,“ вели таа. „Секогаш чувствував дека е неправедно да се создаде наратив за тебе на кој не можеш многу да одговориш. Јас научив многу за издржливост и сила, да не дозволувам надворешните мислења да ме вознемируваат.“
Публиката често ја видела Џазмин и нејзиниот татко заедно на јавни настани, а таа поминувала време и во Монако, каде што принцот Алберт живее со својата сопруга, принцезата Шарлен, и нивните близнаци, принц Жак и принцеза Габриела, на 11 години. Алберт исто така има постар син од претходна врска, моделот Александре Грималди, на 22 години.
„Мојот однос со татко ми е многу ценет и се развива,“ вели таа. „Нашиот однос започна уникатно, но е нешто што еволуираше и растеше приватно со време, трпение и милост.“
„Она што го учам за било кој родителско-детски однос, особено кога стануваш возрасен, е дека станува за меѓусебно разбирање на подлабоко, искрено ниво, како човечки суштества со сите наши убави маани и комплексности и учење, прифаќање и љубов едни кон други,“ додава таа.
Сега, таа вели дека сака луѓето да ја гледаат преку нејзината уметност и она што таа избира да го прави со својот живот.
„Немаме контрола над тоа како влегуваме во светот,“ вели таа. „Но ние сме тука, и тоа е прекрасен подарок. Мислам дека е важно што ќе изберам да правам со тоа.“
Џазмин самата признава дека нејзината приказна многу личи на „Дневникот на принцезата“ со Ен Хатавеј и Џули Ендрју. Кога филмот за срамежлива тинејџерка од Сан Франциско која открива дека има кралско потекло беше прикажан во 2001 година, Џазмин не можела да не ги забележи паралелите со својот живот.
„Беше многу смешен момент. Мислев дека е мета,“ вели таа. „Бев речиси на иста возраст како Ана во филмот (кога мојата идентитет стана јавно познат). Имаше толку многу сличности што едноставно не можев да не се поврзам и да не се запрашам дали ова можеби е инспирирано од мојата приказна како Грималди и Реналди“…
„Бев многу театрално дете и навистина ги сакав моите студии, и имав момент на трансформација кога влегов во средно училиште и станав популарна. Јас одам во приватно училиште цел живот, така што носев униформи. Мајка ми е од Северна Калифорнија, слично како мајката на Ана во филмот,“ продолжува таа.
„Мислам дека го романтизираав филмот, на некој начин, бидејќи би сакала да имам однос како тој со мојата баба. Ми беше убаво да ја гледам приказната како се одвива со водечка светлина што би сакала да ја имав во тоа време,“ вели таа за врската меѓу ликовите на Хатавеј и Ендрју.
„Таа утеха да имаш матријарх кој ќе те води во транзицијата, да влезеш во светот… Но, на сето тоа да речам, се поврзав со тоа. Секогаш бев внимателна да не ја спојам со мојата приказна, но дефинитивно е приказна каде што јас сум реалната верзија,“ додава таа.
View this post on Instagram
За нејзината иконична баба, покојната принцеза Грејс која почина една деценија пред Џазмин да се роди таа ја запознала преку филмот.
„Мајка ми брзо забележа дека влечам кон уметноста и сакам да настапувам, да правам претстави за неа, пријателите или дури моите играчки. Тоа беше форма на изразување и терапија за мене,“ вели таа. „Таа ми рече: ‘Твојата баба го правеше ова професионално и беше прекрасна актерка и добитник на Оскар,’ и јас не многу сфаќав што значи тоа. Потоа почнав да ги гледам нејзините филмови.“
Гледањето на Грејс Кели во „High Society“ станало, според Џазмин, „духовен момент“ кој ја поврзал со бабата што никогаш не ја запознала.
„Знаев дека таа е почината и никогаш нема да имам однос со неа, но преку нејзината уметност можевме да се поврземе,“ вели таа.
Од таму, таа почнала да забележува сличности помеѓу себе и покојната баба чие прво име го носи како средно име.
„Почнав да забележувам многу наши карактеристики и манири кои беа многу слични — како се носиме,“ вели Џазмин. „Можев да го видам тоа преку нејзината работа и интервјуа, што беше голема утеха за мене.“
Денес, Џазмин вели дека се чувствува поддржана од своето семејство додека стапува во следната уметничка ера.
„(Моето семејство) го следи мојот музички и актерски пат, и многу сум благодарна и благословена што ми даваат поддршка за она што избрав да го правам со мојот живот,“ вели таа. „Секогаш се обидувам да го држам фокусот на уметноста.“
„Секако, има многу работи во мојот живот и потекло што се уникатни, и го разбирам интересот,“ додава таа. „Но секогаш се обидувам да се фокусирам на ЏАЗМИН како артист и изведувач, бидејќи ја сакам мојата работа.“
Нејзиниот нов сингл ја одразува таа промена.
„Cup of Tea“ комбинира босанова ритмика со француска лирика и американско поп-раскажување, одразувајќи ги корените на Џазмин во САД и Монако додека растела меѓу Калифорнија, Њујорк и Монако. Песната, која би можела да биде музика за сцена од „Emily in Paris“ означува пресвртна точка за неа како артист. Иако претходно објавила музика, Џазмин го опишува новиот сингл како повторно претставување.
„Малку е романтично, малку разиграно, малку сонливо, малку дрско што е всушност сè што мислам дека сум во животот,“ вели таа.
„Ова е најискрената верзија на мене, не само како артист, туку и како човек,“ продолжува таа.
Додека стапува во ова ново поглавје, Џазмин вели дека нејзиниот фокус е врзан за само-прифаќање и поврзување со другите.
„Ако можам да се поврзам, да поттикнам или да помогнам барем на еден човек да се чувствува помалку сам и виден преку песна, лик што го развивам или настап кој значи сè за мене,“ вели таа.
„Најважното во овој момент е само-прифаќањето,“ додава. „Преку мојата уметност, сакам секој да се чувствува прифатен и сакан, и дека е овде со причина. Ова поглавје за мене е за враќање дома кај себе.“
Кога ја прашуваат како ја пие својата шолја чај, Џазмин се смее:
„Го сакам овој израз бидејќи има многу значења,“ вели таа. „Сакам чај, буквално и метафоричк, го сакам чајот, и го пијам чист.“
„Мојата шолја чај се луѓе кои се целосно свои, без извинување, и не се плашат да го покажат тоа секој ден, прават нешто што ги прави среќни, можеби малку смешно или лудо, и имаат чувство за хумор за себе и за животот,“ додава таа.
„Но сега пијам зелен чај,“ додава за тоа што е во нејзината шолја — која е полна до врв.
Извор: PEOPLE