Ким Кардашијан и Луис Хамилтон продолжуваат да го привлекуваат вниманието на јавноста.
Двојката, овојпат, се појави на свеченото отворање на Lucas Museum of Narrative Art во Лос Анџелес, каде што двајцата покажаа дека иако имаат различен личен стил, лесно можат да најдат заедничка естетика.

Иако на црвениот тепих се појавија одделно, подоцна во музејот беа фотографирани како се држат за раце и споделуваат нежен момент во прегратка.

За заедничкото појавување, двајцата избраа и стилски усогласени комбинации. Настанот беше една од првите соработки на Кардашијан со стилистот Лоу Роч, кој на социјалните мрежи сподели дека таа е неговата „нова клиентка“.
Ким носеше црн светкав фустан на Ив Сан Лоран под палката на Том Форд од 2004 година. Креацијата имаше светкав дизајн инспириран од азиската естетика, отвор кај деколтето и детали во тиркизна нијанса по рабовите. Изгледот го надополни со дијамантски накит.

Луис Хамилтон, пак, изгледаше елегантно во малку поширок црн костум, кој го носеше без кошула. Како и неговата партнерка, и тој го надополни изгледот со неколку парчиња дијамантски накит.
Кардашијан и Хамилтон, кои се во врска од февруари, неодамна беа и во Лондон по повод отворањето на првата продавница на Skims на Ким во градот.

На отворањето на музејот, Ким и Луис беа фотографирани и со нејзината мајка, Крис Џенер.
Фото: Getty
← Претходен