King’s Trust Gala: Вечер на модна префинетост и глобален шарм

Во Њујорк се одржа петтото издание на The King’s Trust Global Galа, настан кој важи за еден од најгламурозните на њујоршката социјална сцена. Организиран како дел од активностите поврзани со посетата на кралот Чарлс III во САД, гала вечерта имаше силна хуманитарна нота.

Целта на галата е поддршка на младите преку организацијата која со децении им помага во образование, вработување и развој.