Која е Клои Мал наследничката на Ана Винтур

По 37 годишно владеење со најпрестижниот моден магазин во светот – Vogue, Ана Винтур ја предаде палката на својата наследничка.

Станува збор за Клои Мал, која е искусна уредничка во самата редакција.

Таа досега раководеше со дигиталната платформа Vogue.com. Мал на новата позиција ќе биде задолжена за обликување на креативната и уредничката насока на магазинот, како за печатената така и за онлајн верзијата.

Винтур и понатаму ќе дејствува како глобална уредничка на Vogue.

Клои се придружи на редакцијата во 2011-та и тогаш беше задолжена да известува за венчавки и останати друштвени случувања. Таа покриваше теми како мода, дизајн на ентериери, убавина и здравје.

Од 2016 до 2023- та беше асистентка на уредничката. Интересен е фактот дека токму нејзината мајка портретираше лик Еник Флик, односно главната уредничка на Vogue во серијата Сексот и градот.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian