Во момент на расправија, повеќето луѓе се обидуваат да докажат дека се во право. Но, психолозите велат дека токму тоа често го продлабочува конфликтот. Наместо тоа, една едноставна фраза може значително да ја намали тензијата – Те разбирам.
Според експертите за комуникација, овие два збора не значат дека се согласувате со другата личност. Тие само покажуваат дека сте ја слушнале и сте се обиделе да ја разберете нејзината перспектива.
Кога луѓето се чувствуваат сослушани, многу полесно го потиснуваат одбранбениот став и се подготвени за смирен разговор.
Психолозите истакнуваат дека успешната комуникација не зависи од тоа кој победува во расправијата, туку од способноста партнерите да покажат разбирање и емпатија.
Наместо веднаш да кажете „Не си во право“ или „Претеруваш“, обидете се со реченици како: „Те разбирам“, „Разбирам зошто така се чувствуваш“…. Ваквиот пристап не го решава конфликтот сам по себе, но создава атмосфера во која двете страни полесно можат да разговараат без дополнително зголемување на тензијата.
Понекогаш токму неколку внимателно избрани зборови можат да направат поголема разлика отколку десетина аргументи.