Зимската сезона има свој посебен празничен шарм, па затоа парчињата што ги одбираме носат топлина, чувство на удобност и потсетуваат на убави моменти.
А за тоа што ќе носиме кога температурите ќе паднат, во продолжение.
Обемни палта и јакни
Предимензионираните модели повторно ќе доминираат. Палта со широки раменици, oversize кроеви и долги силуети ќе гледаме насекаде. Широките јакни се фокусираат на практичност, но и на елеганција и токму затоа се совршени за идеален, удобен и модерен изглед.
Меки волнени сетови
Волнените комплети – џемпер со здолниште или широки панталони – остануваат фаворити. Тие се топли, удобни и совршени за секојдневниот стајлинг. Во однос на боите беж, крем и графитно сива ќе бидат најпопуларни нијанси сезонава.
Големи шалови
Оваа зима акцентот ќе биде на крупни, дебели шалови кои ја заокружуваат секоја комбинација. Освен што се практични тие се и одличен декоративен детаљ и затоа ќе бидат чест избор на сите.
Чизми над колена
Зимската сезона не може да се замисли без чизмите над колена. Тие нудат елеганција, практични се и лесно се комбинираат со речиси секое парче од гардероберот.
Земјени тонови
Покрај црната, во сезоната што следи популарни ќе бидат темно кафеава, маслинеста зелена и карамела. Земјените нијанси внесуваат свежина и светлина во зимските комбинации и се вистински полн погодок.

Фото: Pinterest