После успешните концерти во Струга на 8ми август во Домот на култура, потоа на 10ти август на градскиот плоштад во Охрид и големиот самостоен концерт на 16ти август на Ракометното игралиште во Битола, поддржани од...
После успешните концерти во Струга на 8ми август во Домот на култура, потоа на 10ти август на градскиот плоштад во Охрид и големиот самостоен концерт на 16ти август на Ракометното игралиште во Битола, поддржани од младите битолски групи Tzar Von Time, Sioto Jazz и Corrosion, и специјалните гости Суперхикс, на својот ФБ профил Фолтин напишаа: "Отсега натаму Ракометното игралиште во Битола, за нас од Фолтин, никогаш нема да биде исто."

Групата својата августовска турнеја на 25.8 ќе ја заокружат со целовечерен концерт во Винскиот музеј – Тиквеш во Кавадарци, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе и финансиски поддржан од Министерство за култура.

Инаку, оваа година ФОЛТИН слават 29 години од своето прво појавување.
