Модата во главниот град на Данска е секогаш инспирација. Скандинавците се познати по својот минимализам и смелите, опуштени стилски решенија.
Есенската модна недела ги раздвижи улиците во Копенхаген и приреди вистинско модно шоу на отворено.
Стилот на Данците е истовремено смел, релаксиран, а комбинациите се секогаш свежи, моќни и хармонично впечатливи.
Чисти линии, практични парчиња, слоеви и дезени со доминација на точкестиот израз. Точки во секоја големина и насекаде – здолништа, кошули, чанти, па дури и на чорапи.
Во продолжение мал дел од инспиративниот стил на Копенхаген.
Фото:Instagram