Костимот на ELENA LUKA што го освојува деловниот свет: ќе доминира оваа пролет

Само ретки брендови успеваат да создадат естетика што истовремено е препознатлива, силна и безвременска. Меѓу нив, македонскиот бренд ELENA LUKA одамна ја има изградено својата позиција како еден од највлијателните модни потписи од регионот со интернационална слава. Со години, брендот креира колекции кои ги спојуваат софистицираноста, современиот дизајн и јасната порака за моќна и самоуверена жена.

Токму во тој дух доаѓа и новиот моден сет кој, според модните познавачи, има потенцијал да стане едно од најзабележителните изданија на претстојната пролет. Станува збор за прецизно кроен дводелен костим, создаден со идеја да ја отелотвори современата дефиниција на „power dressing“ – стил кој не се потпира на екстраваганција, туку на чисти линии, силна силуета и внимателно избалансирана структура.

Костумот се состои од архитектонски обликувано сако и совршено усогласени панталони, кои заедно создаваат силна, но рафинирана силуета. Конструкцијата е прецизна и промислена: структурирани раменици што внесуваат авторитет, издолжена линија на ногавиците што ја нагласува елеганцијата, како и пропорции кои му даваат на целиот изглед впечатлива присутност.

Она што го издвојува овој сет е неговата способност да ја комбинира строгоста на класичниот крој со леснотијата на движењето. Иако формата е силна и дефинирана, материјалот и конструкцијата дозволуваат природна динамика- важна карактеристика за жената на која ѝ е потребна облека што ќе ја следи низ динамиката на деловниот ден.

Со минималистичка естетика и беспрекорен крој, овој костим носи порака на јасна самодоверба. Тој е создаден за жени кои водат, донесуваат одлуки и ја изразуваат својата моќ преку стил што зборува со суптилност и прецизност, наместо со вишок детали.

Токму затоа овој дводелен сет е едно од изданијата што ќе ја одбележат сезоната, особено за деловните жени кои бараат облека што истовремено е елегантна, функционална и авторитативна. Во типичниот стил на ELENA LUKA, и овој дизајн ја потврдува идејата дека вистинската моќ во модата се крие во совршената рамнотежа помеѓу форма, функција и став.

Линк до сетот

Power Structure Two-Piece Suit – ELENA LUKA

Н.Т