Крилја што се отвораат за светлината: Архитектура што се движи

Шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава го проектираше Павилјонот на Обединетите Арапски Емирати за Експо 2020 во Дубаи, објект со површина од 15.000 квадратни метри, кој претставува „симболична интерпретација на протокот на движењето“. Павилјонот е обликуван со внимателно курирани линии и простори што хармонично се спојуваат со околното зеленило, засенчените аркади и конзолните павилјони.

Националниот павилјон е замислен како импресивно, мултисензорно искуство за посетителите, не само од архитектонска перспектива, туку и преку интегрирани кинематографски елементи, кои ги воведуваат во историјата, културата и идните иновации на Обединетите Арапски Емирати.

За да се пренесе главната тема на павилјонот. „крила што го прикажуваат текот на движењето“ кровната конструкција е реализирана како хибриден систем помеѓу школка и портален рам, составен од 28 подвижни крила. Крилата можат целосно да се отворат за само три минути, покривајќи агол од 110 до 125 степени.

Во техничка смисла, 46 хидраулични актуатори ја активираат ротацијата на крилата, дејствувајќи како клипови. Со нивно активирање, хидрауличното масло се придвижува низ актуаторите, предизвикувајќи издолжување на клиповите и целосно отворање на крилата со полна моќ.

Посветеноста на Калатрава кон одржливиот дизајн е нагласена и преку фотоволтаични панели произведени во ОАЕ, интегрирани директно во кровната структура.

Освен што визуелно се впечатливи во комбинација со отворените крила, тие имаат и функционална улога, кога се затворени, крилата обезбедуваат заштита од дожд и песочни бури, а кога се отворени, апсорбираат сончева енергија и овозможуваат нејзино акумулирање.