Деловниот стил во летните месеци подразбира практичност и естетика што создаваат една совршена целина.
Топлото време е само по себе предизвик, па затоа во лето одбираме секогаш лесни материјали преку кои кожата ќе може да дише.
Фустанот е еден од најчестите избори кога зборуваме за аутфитот на работното место.
Сепак треба да внимаваме на дрес кодот, доколку го имаме, и да ја прилагодиме облеката според правилата.
Неутралните бои, како белата, црната и беж нијансите имаат предност, но можат да дојдат во комбинација и други нијанси како темно сина, маслинесто зелена…
Дезените најчесто се суптилни како риги или точки, а ремените се тука за поголема елеганција.
Во продолжение неколку стилски идеи за вашиот деловен аутфит.
Фото: Pinterest