Лежерно лето, премиум креција и боја на песок: ELENA LUKA го има одговорот

Кога ќе се спомене ELENA LUKA, првата асоцијација најчесто е гламур, висока мода и впечатливи couture креации. Но, брендот во последните сезони сè појасно покажува дека современата жена денес не бара само спектакл, туку и префинети, практични и носливи парчиња што можат да функционираат во реалниот живот, без да ја изгубат естетската моќ.

Токму во тој дух пристигнува и фустанот Amaretta од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, модел што ја спојува медитеранската леснотија со современата женственост.

Изработен од лен, во природна беж нијанса, Amaretta ја носи онаа тивка летна елеганција што не се обидува агресивно да привлече внимание, туку остава впечаток преку прецизноста на силуетата и чувството на комфор. Безраменскиот крој и лесната А-линија овозможуваат фустанот природно да паѓа по телото, создавајќи движење што изгледа ненаметливо, но луксузно.

Особено внимание привлекува тенкиот појас од истиот материјал, дополнет со дрвени перли, детаљ што внесува суптилна медитеранска атмосфера и асоцира на безгрижни летни денови покрај море. Отворениот грб со врзување додава дискретна сензуалност, додека страничните џебови го внесуваат оној современ елемент на практичност што сè повеќе станува неопходен во premium ready-to-wear модата.

Она што ELENA LUKA успешно го гради со ваквите модели е идејата дека луксузот денес не мора да биде тежок, недостижен или резервиран само за свечени пригоди. Напротив,  новата елеганција се чита токму во парчиња што се удобни, функционални и доволно впечатливи за да остават силен визуелен идентитет и во секојдневието.

Amaretta не е само летен фустан. Тој е пример за модната трансформација што сè почесто ја гледаме и кај светските брендови, премин од демонстративен гламур кон „тивок луксуз“, естетика што се базира на материјал, движење, квалитет и чувство.

Линк до креацијата:

Amaretta – ELENA LUKA

Н.Т