Во премиерното издание на поткастот „Смисла“, кое ќе се емитува денес (25 март) во 19:30 часот на YouTube каналот на „Смисла“ и на социјалните мрежи, публиката ќе има уникатна можност да ја доживее одблиску Елена Лука- сопственичката и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, жена која е препознатлива не само како лидер во македонската мода и градежништво, туку и како личност која инспирира со својата визија и вредности.
Во ова издание, Елена ќе разговара во најубаво друштво со домаќините сестра Ефимија и отец Бобан, дискутирајќи теми кои ја обликуваат суштината на човековото живеење, верата, духовното растење, вистинските вредности, филантропијата и начинот на кој секој може да придонесе за подобар свет.
Елена Лука е пример за жена која со својата памет, креативност и стратегиско размислување успева да обедини луѓе, да постави високи стандарди и да го инспирира општеството. Нејзиниот пристап кон бизнисот и животот е секогаш насочен кон создавање вредност и мотивирање на другите да го истражуваат својот потенцијал, а со секој свој проект таа остава трага која надминува материјалното и ја гради културата на одговорност, креативност и хуманост.
View this post on Instagram
Овој поткаст е повеќе од разговор, тоа е прилика да се слушне мислата на една жена која ја комбинира професионалната експертиза со духовното влијание, личност која инспирира и поттикнува, и која постојано ги мотивира луѓето околу себе да гледаат подлабоко, да создаваат повеќе и да се стремат кон подобро утре.
View this post on Instagram
Публиката ќе има можност да се впушти во инспиративен разговор, да слушне искрени мисли и совети кои можат да влијаат и на секојдневниот живот, како и на професионалниот и личниот раст.
Ова е разговор што не смее да се пропушти, совршена комбинација на мудрост, искуство и духовна длабочина, од жена која не само што создава успешни брендови, туку и го подобрува светот околу себе.
Н.Т