
Вештачката интелигенција денес ја менува брзината, обемот и начинот на кој се создава визуелниот свет. Од концепти до целосни сценографии, таа овозможува за неколку моменти да се генерираат идеи за кои некогаш беа потребни денови истражување и тимска работа. Сепак, и покрај нејзината импресивна моќ, AI не е апсолутен авторитет за естетика или вистина, таа функционира најдобро кога е насочена, селектирана и водена од човечка креативност, вкус и јасна уметничка намера.
Токму од таа перспектива, ние како медиум решивме да ја користиме не како замена за уметноста, туку како алатка за нејзино ново интерпретирање. Во оваа креативна вежба ѝ зададовме задача на вештачката интелигенција да замисли како би изгледале некои од најпознатите македонски музички и културни личности доколку би се појавиле на Met Gala.
Овогодинешната тема на Met Gala 2026 беше „Costume Art“, со дрес-код „Fashion Is Art“. Таа ја истражува идејата за „облеченото тело“, преку спојување на 200 модни парчиња со 200 уметнички дела, со цел да се покаже дека облеката е форма на уметност што го обликува, сокрива и истакнува човечкото тело, третирајќи го како платно. Видовме многу познати ѕвезди како и на кој начин со своите изгледи ја интерпретирале темата.
Во таа насока, ние отидовме чекор понатаму и ги поврзавме модните визии со визуелното наследство на македонската уметност, користејќи дела од најзначајните сликари како инспирација за креациите.
Каролина Гочева
Нашата поп принцеза ја замисливме во дело на Вангел Коџоман, е еден од најзначајните македонски сликари од XX век, познат по својата поетска и чувствителна интерпретација на пејзажот и урбаната средина. Неговото творештво често ја истакнува тивката хармонија меѓу човекот и просторот.
Како инспирација ја искористивме неговата слика „Скопски парк“ (масло на платно), која носи мирна, речиси носталгична атмосфера на градската природа.
Лила Филиповска
Водителката и инфлуенсерка ја споивме со Петар Мазев, еден од водечките експресионисти во македонската современа уметност, се издвојува по силниот колорит и енергичниот, слободен потег на четката. Неговата уметност често носи симболични и егзистенцијални слоеви.
Во оваа визуелна интерпретација ја користевме неговата „Презреано жито“ (1965, комбинирана техника), дело кое ја рефлектира суровата, но длабоко емотивна врска со земјата и циклусите на природата.
Калиопи
Поп дивата ја поврзавме со Глигор Чемерски, познат по монументалниот, експресивен и симболички набиен визуелен јазик. Неговите композиции се драматични, често исполнети со митолошки и архетипски мотиви.
За оваа задача ја искористивме сликата „Оплакување IV“, која носи силна емоционална тежина и чувство на колективна меморија.
Катарина Ивановска
Нашиот најдобар топ модел целосно се усогласи со Вангел Наумовски, еден од најпоетичните и најфантазмагорични македонски уметници, кој создава светови што се движат меѓу реалноста и сонот. Неговите дела се препознатливи по органски форми, фантастични суштества и космичка имагинација.
Како инспирација ја користевме неговата „Хоризонтална галаксија“, која ја отвора перцепцијата кон бескрајни, имагинарни простори.
Со оваа визуелна интерпретација, целта не е само да се прикаже мода, туку да се воспостави дијалог меѓу современата технологија, македонското културно наследство и идејата дека уметноста, без разлика на медиумот секогаш останува жив процес на реинтерпретација.
Постојат безброј можности, ова се само неколку дигитални решенија.
Ние им посакуваме на нашите ѕвезди навистина да бидат дел од Мет гала!
Н.Т