Телевизиската водителка Ирена Спировска, препознатлива по својот беспрекорен стил на 28-то издание на Златна Бубамара на популарноста, кое се одржа во арената „Борис Трајковски“ се појави во маркантна, елегантна и гламурозна креација на ЕЛЕНА ЛУКА.
Жената која е асоцијација за грациозност, ја имаше честа да додели две награди во рамки на манифестацијата, за Хит на годината за песната Океани, изведена од Некст тајм и Слаткар и наградата за Трајни музички вредности на легендарната Сузана Спасовска. Таа зрачеше со елеганција и самоувереност, освојувајќи ја сцената во впечатлив долг, темно зелен фустан со светкав ефект.
Фустанот кој Ирена го носеше за оваа прилика совршено ја обликуваше нејзината силуета, додека високиот шлиц внесуваше доза на сензуалност и динамика во нејзиниот изглед. Темно зелената нијанса, симбол на софистицираност и раскош, ја нагласи нејзината грациозност и природна убавина. Секое нејзино движење оддаваше префинетост, а целокупниот изглед беше совршен баланс помеѓу класичната елеганција и модерниот гламур.
Таа во изјава за Fashionel истакна дека од исклучителна важност за една јавна личност е да има партнер од калибарот на ЕЛЕНА ЛУКА, бидејќи кај неа да може се обрати знаејќи дека секогаш ќе го добие тоа што го посакува за соодветната пригода.
„Како и секогаш, за важни, свечени и гламурозни настани, мојот избор е модел од ЕЛЕНА ЛУКА. Со децении, овој бренд е на самиот врв на македонската модна сцена, и никогаш не сум погрешила во изборот. Токму креациите на ЕЛЕНА ЛУКА најдобро ја истакнуваат женственоста и елеганцијата. Таа препознатлива нишка на гламур и висока мода, која е заштитен знак на брендот, создава парчиња на кои ниту една жена не може да одолее – од вечерни тоалети до кежуал комплети и костуми. Секогаш се чувствувам гламурозно, сигурна и женствена во нивните модели, токму затоа ги обожавам. Моето пријателство и соработка со ЕЛЕНА ЛУКА траат со години, и искрено се надевам дека ќе продолжат и во иднина.“- вели Ирена Спировска – водителка и соработник на ЕЛЕНА ЛУКА.
Овогодишното издание на најпопуларната манифестација на домашната сцена Златна Бубамара на популарноста кое се одржа под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ го одбележаа прекрасната атмосфера, квалитетната музика, впечатливите стајлинзи и емоциите што преплавија сите присутни. Солзите течеа од смеа за време на хумористичните блокови, но и од тага при сеќавањето на јавните личности кои повеќе не се меѓу нас.
Повеќе фотографии од изгледот на Ирена Спировка на Златна Бубамара се достапни тука: