Меган Маркл повторно ја покажа својата беспрекорна елеганција на „Ивиктус игрите“ во Ванкувер, Канада. Таа и принцот Хари секоја година присуствуваат на овие игри и се посветени поддржувачи на овој спортски настан наменет за ранети, повредени и болни припадници на воените сили.
Маркл настанот го разубави со впечатлив бел двојно закопчан мантил од Сенталер, луксузен бренд за облека кој таа често го носи низ годините. Со префинетиот дизајн од алпака и волна, нагласен со копчиња, таа совршено го претстави нејзиниот карактеристичен софистициран стил. Мантилот изгледаше безвременски, особено во комбинација со елегантен, црн плетен фустан што дозволи горната облека да биде во фокусот.
Позната по својот префинет и модерен стил, Меган Маркл често избира парчиња што балансираат помеѓу минимализам и класична елеганција. Нејзиниот избор на облека ретко вклучува претерани детали, туку се фокусира на квалитетни материјали, чисти линии и неутрални нијанси. Преку годините, таа изгради имиџ на модна икона која комбинира удобност со врвна естетика.
Како долгогодишен обожавател на минималистичките, но впечатливи дизајни на Сенталер нејзината појава во негов модел во Канада не беше изненадувачка.