Микро-трендови, посебно принтот од јагула: Тивко обликување на добриот моден стил

Иако големите трендови ја задаваат насоката во која ќе се движи модата секоја година, вистинските познавачи знаат дека токму микро-трендовите или стилските трикови, впечатливите аксесоари и суптилните, но моќни детали го дефинираат добриот стил.

Сите ги знаат виралните трендови што дебитираат на модните писти и потоа се прелеваат на Инстаграм и ТикТок. Но, ако сакате да ги откриете оние тивки, но влијателни микро-трендови поради кои ќе застанете на улиците за да направите дискретна фотографија или скриншот за инспирација, мора да ги следите вистинските луѓе.

Во 2026 година, токму следните осум микро-трендови го имаат тој ефект.

Ако сакате да изгледате како да работите „одвнатре“ во модната индустрија, ќе треба да инвестирате во неколку клучни елементи. Започнете со сè што има крзнени детали, од јакна со крзнена јака до шал од вештачко крзно. Потоа внесете доза на игра преку асиметрични обетки, инспирирани од Маргарет Куали на Métiers d’Art ревијата на Шанел во Њујорк, или пак со широкиот појас, еден од најзабележливите аксесоари на годината.

Вашиот водич за шик изглед од сега па сè до 2027 година започнува тука.

Микро-трендови за 2026

1. Крзнени акценти

Ако сакате вашите комбинации на почетокот од 2026 година да изгледаат релевантно, тие речиси задолжително треба да вклучуваат барем еден детаљ од вештачко крзно – шал, меки манжетни или впечатлива јака. Овој елемент автоматски му додава луксуз и длабочина на секој стајлинг.

2. Алпски кардигани

Без разлика дали ќе изберете нов „вирален“ модел или ќе побарате винтиџ парче преку, алпскиот кардиган е вистински избор за почетокот на 2026. Совршено се комбинира со фармерки и лесно ве води од длабока зима кон рана пролет.

3. Слоевито носење ролки

Трикот за шик џемпери во 2026 е едноставен: под нив носете тенка ролка, слично како во 1980-тите. Можете да играте на сигурно со две еднобојни плетки или да бидете похрабри – на пример, бела ролка под џемпер.

4. Широк појас

Широките појаси се еден од оние микро-трендови што ќе ги забележите само ако се движите меѓу најдобро облечените луѓе во големите модни метрополи. Во зима се носат врз палта и јакни, а со доаѓањето на пролетта ќе се префрлат врз панталони, здолништа и фустани.

5. Асиметрични обетки

Повратокот на асиметричните обетки беше неизбежен моментот кога Маргарет Куали се појави со таков пар на ревијата на Шанел во напуштена метро-станица во Њујорк. Комбинирани со златен твид-сако од новиот креативен директор на куќата, Матије Блази, обетките внесоа доза на разиграност во елегантниот изглед.

6. Сатенски кошули

Многу брендови во 2026 година се насочуваат кон свилени и сатенски кошули, особено во интензивни, скапоцени бои што потсетуваат на ерата на Том Форд во Гучи. Белите класични кошули од последните години полека се повлекуваат пред оваа похрабра алтернатива.

7. Принт од јагула

Извинување до леопардот, змијата и тигарскиот принт  но јагулата е мотивот на 2026. Полека, но сигурно се искачува на врвот, најчесто преку обувки, како мокасините  кои ги носат скандинавски инфлуенсери, па дури и NBA ѕвезди.

8. Орнаментални марами

Кога ќе ви недостига инспирација за облекување, доволно е да додадете богато украсена марама, винтиџ или нова и да ја драпирате околу градите, како што тоа го прави парискиот стилист Силви Мус. И Кендал Џенер неодамна го примени овој трик, комбинирајќи марама со црни панталони со ластик и маичка без ракави, со што целиот изглед веднаш доби повисоко модно ниво.

Н.Т