Модната недела во Милано стартуваше со шоу за паметење – Gucci ја отвори програмата на 25 февруари со колекција што изгледаше како да е директно извадена од биографската драма House of Gucci (2021).
Првиот изглед беше вистинска почит кон ликот на Патриција Реџиани, кој го играше Лејди Гага: масивно вештачко крзно, длабоко деколтиран виолетов чипкаст боди, волнено молив-здолниште и предимензионирани авијаторски очила со „geek-chic“ вибрации.
Ова беше првата колекција создадена од дизајнерското студио на Gucci откако поранешниот креативен директор Сабато Де Сарно си замина овој месец.
Наместо нов правец, брендот се сврте кон своето наследство, инспирирајќи се од архивите и раните прет-а-порте колекции на италијанската куќа. Колекцијата за есен 2025 е вистинска почит кон основачот на Gucci и неговата визија за луксуз.
Освен блескавото шоу на Gucci, Милано оваа сезона носи и возбудливи промени: DSquared2 ја слави својата 30-годишнина со ексклузивна ревија, Fendi започнува едногодишна прослава за својот 100-ти роденден, а големо внимание привлекува и новото деби на Лоренцо Серафини за Alberta Ferretti.
Во центарот на дискусиите е и иднината на Diesel, чиј креативен директор Глен Мартенс неодамна беше назначен и за водечка фигура во Maison Margiela.
Миланската модна недела е во полн сјај, а екипата на FashionEL e тука од прва рака да ви ги пренесе сите најважни моменти од овој култен моден настан.
Повеќе фотографии од ревијата на Gucci на Миланската модна недела се достапни тука: