Една од најубавите жени во земјава, водителката Татјана Стојановска Китановска отсекогаш знаела да го привлече вниманието, и со однесувањето, но и со стилот.
Таа е дама која ја носи модата на префинет начин, а префинетоста ја имаше нагласено и вчера, во фантастична креација на ЕЛЕНА ЛУКА, најпознатиот моден бренд во земјава и интернационално.

Стојановска се појави на наградите „Инфлуенсер на годината 2025“ каде презентираше и додели награди во категоријата Бјути инфлуенсер- Beauty star и Beauty new star.
Фустанот кој го носеше блика со гламур и елеганција. Моќната тантела со изразени цветови го прави фустанот уникатен, а сатенот соодветно ја надополнуваа таа уникатност. Ременот не е претенциозен и одлично ја истакнува половината.
Со овој изглед, Татјана покажа зошто верува во единствениот печат на ЕЛЕНА ЛУКА.
Н.Т