Наградата на „Златните глобуси“ за најдобро облечени оди кај…

Црвениот тепих на „Златните Глобуси“ вчера понуди изобилство од впечатливи модни моменти, додека легендарни имиња и нови ѕвезди чекореа по првата модна променада на сезоната на награди за 2026 година.

Додека некои ѕвезди, како Ајо Едебири и Џенифер Гарнер, се одлучија за класичен old Hollywood изглед, други ја прифатија енергијата на „dopamine brights“ — или впечатливи силни бои.

„Златните Глобуси“, познати како една од поопуштените церемонии во сезоната, често им дозволуваат на ѕвездите да седнат на масите, да наздравуваат и да се препуштат на атмосферата, што неретко резултира со поискрени и понепосредни говори при доделувањето награди.

Најжешките имиња од Холивуд се појавија на црвениот тепих во Беверли Хилс, Калифорнија. Ова се најлуксузните и највпечатливите изгледи на вечерта.