Наградна игра на Fashionel и ELENA LUKA HOME: Бираме најдекоративна маса! 1.000 евра и други вредни изненадувања

Во периодот кога празничната магија станува јазик на домот, а секој детаљ има своја приказна, ELENA LUKA HOME во партнерство Fashionel ја отвораат сезоната со награден предизвик кој го крева домашното уредување на сосема ново...

Во периодот кога празничната магија станува јазик на домот, а секој детаљ има своја приказна, ELENA LUKA HOME во партнерство Fashionel  ја отвораат сезоната со награден предизвик кој го крева домашното уредување на сосема ново ниво. Ова не е натпревар за најдобра празнична трпеза – туку натпревар за најубавата визуелна композиција, за маса која не се поставува за јадење, туку за аплауз.

Со почетокот на наградната игра „ НАЈДЕКОРАТИВНА МАСА 2025“, љубителите на естетиката, дизајнот и празничните декори добиваат можност да создадат сопствено ремек-дело на стилот. Без чинии полни со јадење, без сервирани оброци – туку трпеза осмислена како стилска сцена: празнична, модерна, минималистичка, романтична или високо гламурозна.

Секоја маса станува приказна. Секоја декорација – кадар. А секоја фотографија – ваш потпис во големата празнична галерија на инспирации, која ќе се креира преку платформата на Fashionel.

Професионално жири ќе ги препознае најкреативните решенија и ќе ги награди идеите што навистина блескаат.

Вашите фотографии треба да ги испратите на nagradi@fashionel.mk најдоцна до 25 февруари, 2026 година.

Fashionel и ELENA LUKA HOME доделуваат богати награди:

1.000 евра
Ексклузивен фустан – Елена Лука
Луксузен сет тањири – Елена Лука Хоум

„Постави ја масата. Создај ја магијата.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

Еве неколку наши примери за да ви дадеме дополнителна идеја. Слободно креирајте и испраќајте ни ги вашите визии: