Мет Гала не е само моден настан тоа е сцена каде модата станува провокација, уметност и изјава. Со години, некои изгледи предизвикале шок, дебати и поделени мислења, но токму тие останале запаметени како најконтроверзни.
Ријанa – жолтата наметка што го „сруши“ интернетот
Огромната жолта креација инспирирана од кинеска мода предизвика лавина од реакции – од воодушевување до шеги и мемиња.
Лејди Гага – четири аутфити за неколку минути



Перформансот на црвениот тепих со повеќе трансформации беше за некои генијален, а за други претеран.
Kим Кардашијан – целосно покриена во црно
Аутфит што го избриша идентитетот и отвори дебата: Дали модата е личност или форма?
Џаред Лето – сопствената глава како моден додаток
Еден од најбизарните моменти – актерот носеше реплика од својата глава.
Доџа Кет – целосна трансформација во мачка
Границата меѓу мода и костимографија исчезна со овој необичен изглед.
Kети Пери – како лустер (и чизбургер!)
Еден од најекстравагантните избори – од лустер до костим на чизбургер, таа секогаш оди до крајност.

Езра Милер – повеќе очи, повеќе конфузија
Илузијата со повеќе очи беше истовремено уметничка и вознемирувачка.
Мадона – провокација на повеќе нивоа
Со провокативен „bondage“ инспириран изглед од Живанши, Мадона отвори дебата за стареењето, сексуалноста и двојните стандарди во модата.
Ги чекаме годинешните модни решенија!