Утринското кафе е ритуал што многумина го практикуваат, но прилично е голем бројот и на тие кошто го конзумираат кафето и попладне.
Сепак иако не држи будни и ни дава енергија, овој напиток не е погоден за секој.
Нутриционистите како негова здрава алтернатива, особено после ручекот, препорачуваат чај од камилица и сладок (зелен) анасон.
Оваа мешавина одлично делува на организмот – помага за подобро варење на храната, релаксира и го зголемува нивото на енергија.
Сите овие бенефити ни се особено важни попладне кога почнуваме да чувствуваме одредена доза на замор.
Благодарение на слаткиот анасон со овој чај нема да имаме потреба од засладувач, а освен тоа ќе се ослободиме и од надуеноста во стомакот.
Токму затоа нутриционистите го препорачуваат после ручекот, како заокружување оброкот.
Оваа вкусна и здрава мешавина од билки помага и за губење на килограми, па затоа следниот пат кога ќе посакате кафе или слатко после ручекот пробајте го овој чај.
Фото: Pinterest