Велигденските празници го собираат семејството и пријателите на едно место. Овој светол празник, којшто го слави животот е одличен повод да го разубавиме нашиот дом.
По традиција главно место заземаат велигденските јајца, зајчињата, пиленцата, разните декорации со венчиња, корпи и слично.
Нам никогаш не ни е доста од прекрасно уредените трпези и сиот декор којшто едноставно не повикува на зближување и весели мигови.
Затоа одбравме инспиративни и неодоливи велигденски идеи за тоа како да го направите домот вистинско катче за уживање во празникот.