Постојат жени кои точно знаат што сакаат, одат сигурно кон целта, не се плашат од предизвици и никогаш не ја забораваат сопствената вредност. Тие се брзи во мислата, итри во чекорот, достоинствени во ставот и...

Постојат жени кои точно знаат што сакаат, одат сигурно кон целта, не се плашат од предизвици и никогаш не ја забораваат сопствената вредност. Тие се брзи во мислата, итри во чекорот, достоинствени во ставот и непогрешливи во присуството. Токму за нив е создадена креација „Majesty“ од ELENA LUKA, моден комплет што не се носи само на телото, туку и во карактерот.
Леопардот отсекогаш бил симбол на сила, моќ, инстинкт и природна доминација. Неговата енергија е преточена во овој впечатлив двоен комплет, кој уште на прв поглед испраќа порака за самоувереност и непоколеблив стил. „Majesty“ е создаден за жената што влегува во просторија и без зборови го освојува вниманието.
Изработен од луксузна брокатна ткаенина со живописен леопард принт, овој модел претставува смела модна изјава во духот на современата елеганција. Богатата текстура и впечатливиот дезен создаваат визуелна динамика која не останува незабележана.
Посебна димензија на раскош му даваат внимателно дизајнираните златни копчиња со препознатлив потпис на ELENA LUKA. Тие внесуваат доза на префинетост и сјај, како златни акценти што блескаат низ дивината на мотивот.
Сакото со остар и прецизен крој веднаш ја нагласува силуетата и носи авторитетен став, додека панталоните што совршено прилегаат создаваат линија која е истовремено моќна и грациозна. Тоа е комбинација на енергија и елеганција, редок баланс што го владеат само големите модни куќи.
А кога ставот е силен, самоуверен и бескомпромисен, тогаш изгледот зборува сам за себе.
Линк до креацијата
"Majesty" Two Piece Suit – ELENA LUKA
Н.Т